1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Москва и задоволна и незадоволна од заклучоците во Брисел

Русија ги критикуваше заклучоците на вонредниот самит на ЕУ за кризата во Кавказ, но истовремено е задоволна што не се донесени поостри мерки. За САД резултатот од самитот во Брисел е доказ за постење исти ставови.

default

Поделени реакции на самитот во Брисел

Руското министерство за надворешни работи реагираше критички на заклучоците на бриселскиот самит за кризата во Кавказ.

Одложувањето на натамошните преговори меѓу ЕУ и Русија за договор за партнерство е самоказна за Унијата, зашто е доведена во прашање нејзината доверливост како преговарач, изјави рускиот амбасадор во Брисел, Владимир Чижов:

„Русија ги повлече своите трупи во целосна согласност со договорот од шест точки, постигнат меѓу претседателот Медведев и францускиот претседател Никола Саркози. Затоа, не држи барањето за натамошно повлекување. Со својата критика кон Москва ЕУ пропушти добра прилика да го поддржи стратешкото партнерство со Русија. Нам разговорите и новиот договор не ни се попотребни отколку на ЕУ“, подвлече Чижов.

Можеше да биде и полошо

Но, Москва е сепак задоволна што ЕУ не воведе постри мерки, зашто претходно беа споменувани санкции. Најважниот резултат на кризниот самит на ЕУ е што мнозинството држави од ЕУ го потврдија партнерскиот однос кон Русија, изјавил портпарол на руското министерство за надворешни работи според агенцијата Интерфакс. Москва најави дека сака во најскоро време да ги продолжи преговорите околу стратешкото партнерство. В понеделник францускиот претседател Никола Саркози, претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо и европретставникот Хавиер Солана ќе патуваат во Тбилиси и во Москва во натамошни посреднички обиди.

Европарламентарците предупредуваат на едностраност

Во Европскиот парламент пак заклучоците на вонредниот самит на ЕУ предизвикаа критики. Конфликтот беше предизвикан од провокацијата на Грузија, изјави шефот на фракцијата на Зелените Даниел Кон Бендит, а за тоа никој не рече ни збор. ЕУ би морала да ги осуди сите учесници во конфликтот. Дека конфликтот го предизвика Грузија со инвазијата врз Јужна Осетија укажа и шефот на Либералната фракција, Греам Вотсон.

За САД резултатот од самитот во Брисел е доказ за постење исти ставови на релација Европа Америка - имено, опстојување на барањето за територијален интегритет и суверентитет на Грузија.









DW.COM