1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Москва – дипломати

*

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека конфликтот со Велика Британија околу испораката на убијците на екс агентот Литвиненко, е мини-криза. Тој предупреди дека случајто не треба да се прави поголем отколку што е. Вчера Кремљ соопшти дека како реакција на протерувањето на четворица рускид ипломати од Лондон, ќе протера четворица британски дипломати од Русија. Освен тоа, Русија на британските државни службеници веќе нема да им издава визи и нема да испраќа официјални претставници во Велика Британија. Москва најави и дека се откажува од соработката со Лондон во борбата против тероризмот. Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд решението на Москва го нарече “комплетно неправедно“.