1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мора ли идниот претседател да се ожени?

За идниот германски претседател Јоахим Гаук главно се слушаат пофалби, но има и забелешки. Така, на конзервативните кругови им пречи тоа што тој 12 години живее во „див брак“, па бараат сега да се ожени.

default

Јоахим Гаук и Даниела Шат

Претседателот на фракцијата на Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, Норберт Гајс, побара од кандидатот за иден германски претседател, Јоахим Гаук, да воведе ред во својот приватен живот.

„Што поскорото уредување на личните односи би требало да биде и во негов интерес, со што нема да дава поводи за напад“, изјави Гајс за германските медиуми.

Joachim Gauck Daniela Schadt

Секогаш дискретно во сенка-Даниела Шат

Дискретната придружничка на Гаук

Конзервативниот пратеник во парламентот само гласно ја искажа забелешката на многумина свои партиски колеги. Тој под „лични односи“ мисли на фактот што 72-годишниот Гаук е во брак само на хартија, зашто со својата сопруга, со која има четири деца, не живее заедно уште од 1991-ва година. Но, затоа веќе 12 години е во врска со 52-годишната новинарка Даниела Шат, шеф на редакцијата за внатрешна политика во весникот „Нирнбергер цајтунг“. Таа досега не била во брак и нема деца.

Инаку, воопшто не е познато на кој начин Даниела Шат воопшто има намера да ја извршува улогата на „прва дама“. Факт е дека дека сите сопруги на досегашните претседатели беа хуманитарно ангажирани и ги придружуваа своите сопрузи на службените патувања во странство. Даниела Шат досега доследно избегнуваше јавни настапи со својот партнер.

Joachim Gauck / Nominierung / Bundespräsident

Ќе треба ли Гаук да застане пред олтар?

Либерални Германци

Германците последниве години покажаа дека не се толку конзервативни колку што обично ги бие глас во другите земји. На чело на владата е жена, министерот за надворешни работи е хомосексуалец, а сопругата на досегашниот претседател Кристијан Вулф не ја сокриваше својата тетоважа. Но, сега би можело да се случи во претседателскиот дворец Белви првпат во историјата да се всели пресно венчан пар или дури во седиштето на германските претседатели да се одржи венчавка. Зашто, шансите за исполнување на барањето на баварскиот политичар Гајс се големи. Имено, Гаук и неговата животна сопатничка пред претседателските избори во 2010-та година, на кои тој беше кандидат, најавија дека ќе размислат за венчавка во случај Гаук да биде избран за претседател. Но, тогаш изборот падна врз Кристијан Вулф, а сега пак речиси сите партии застанаа зад кандидатурата на Гаук.

Автор: А. Јунг-Грим/ Ж.Ацеска

Редактор: Александра Трајковска