1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мора да се заштити демократијата во Либан

Светските лидери жестоко го осудија убиството на либанскиот министер за индустрија Пјер Џемајел. Овој атенатат ја потткопува стабилноста на Либан – гласи нивната заедничка оценка .

Возилото на Џемајел беше изрешетано од непознати лица во Бејрут

Возилото на Џемајел беше изрешетано од непознати лица во Бејрут

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан , , американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер се само дел од светските лидери кои упатија жестока осуда за убиството на Џемајел , министер во либанската влада од редовите на христијанското малцинство и јасно анти-сириски ориентиран политичар. Тие изразија загриженост за состојбата во Либан , и побараа да се стори се за заштита на стабилноста на оваа земја . Британскиот премиер притоа истакна :

„ Жестоко Го осудувам ова убиство , кое е без какво било опревдување . Треба да сториме се што можеме , особено во овој момент за да ја заштитиме демократијата во Либан и владата на премиерот Фуад Сињора“

Американскиот претседател Џорџ Буш покрај жестоката осуда ги обвини Сирија и Иран дека се обидуваат да го дестабилизираат Либан . Тој меѓутоа одбегна да ги посочи двете земји како директно одговорни за убиството на Џемајел:

„ Ние ја подржуваме владата на Сињора и нејзината демократија и ја подржуваме желбата на Либанците да живеат во мир. Ги подржуваме и нивните напори да ја бранат својата демократија воочи обидите на Сирија , Иран и нивните сојузници во Либан , да предизвикаат нестабилност и насилство во земјата„

Министерот Џемајел , член на христијанската партија Фаланга и син на поранешниот либански претседател Амин Џемајел , беше убиен вчера во едно предградие на Бејрут . Тој беше жесток критичар на Сирија која многу Либанци ја сметаат и за одговорна за убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири во февруари минатата година .

Убиството на Џемајел предизвика и немири во Либан , Во повеќе градови во земјата биле уништени возилата на про-сириски политичари.

Лидерот на владејачката коалиција во либанскиот парламент Саад харирир , син на убиениот поранешен премиер , истотака посочи кон Сирија како одговорна за убиството на Пјер Џемајел

„Денеска , еден од главните луѓе , кои веруваат во слободен и демократски Либан беше убиен. И ние веруваме дека трагите на Сирија се насекаде околу овој атентат“- истакна Харири , кој го обвини дамаск дека сака по секоја цена да го одвлече вниманието и да го спречи формирањето на Меѓународниот трибунал за разјаснување на убиството на неговиот татко , со оглед дека високи сириски претставници се обвинети дека се вмешани во него.

Советтот за безбедност на ОН меѓутоа синоќа се согласи околу основањето на еден таков суд . Инаку либанската влада во изминативе недели се наоѓа во криза откако неколку просириски и министри од редовите на радикалното исламистичко движење Хезболах, кое истотака е во блиски врски со властите во Дамаск, дадоа оставки спротиставувајќи се на подршката која владата на Фуад Сињора ја даде за овој меѓународен Трибунал .