1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Моратинос оптимист за датум за преговори со ЕУ

Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос во Скопје изрази оптимизам дека Македонија за време на шпанското претседателство ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ.

default

Шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос

„Верувам дека до крајот на шпанското претседателство ќе бидеме во можност да објавиме датум за старт на преговорите на земјава со Европската унија“. Ова денеска во Скопје го изјави шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратниос, по средбата со својот македонски колега Антонио Милошоски.

Според него, двете страни, како и Европската унија вложуваат се’ што е во нивна моќ да се надмине спорот со

Miguel Angel Moratinos Außenminister Spanien

Мигел Анхел Моратинос

името со цел одредување на датум за старт на преговорите. „Ние како ротирачко претседателство со ЕУ, како шпанско претседателство веруваме дека ќе можеме да објавиме датум за старт на пристапни преговори за вашата земја. Тоа е нашата посветеност и нашето залагање. Целата наша енергија, одлучност, капацитет ќе ги ставиме во служба на остварување на почетокот на преговори и убеден сум дека до крајот на шпанското претседателство ќе можеме да дадеме ваква позитивна најава“, изјави министерот Моратинос. Тој повтори дека Шпанија како претседавач го доби мандатот од ЕК да работи на доделување датум за преговори за Македонија, а ЕУ не треба да ја пропушти можноста да се потврди како кредибилен фактор кој може да ја прошири зоната на безбедност и просперитет во регионот на Западен Балкан како дел од Европа.

Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски истакна дека ЕУ интеграциите се движечката сила на Македонија и оти земјата се чувствува

Mazedonien Außenminister Antonio Milososki zu Kosovo

Антонио Милошоски

подготвена да ги почне преговорите за членство во Унијата. Коментирајќи ги изјавите од грчка страна во неколку наврати дека името „Северна Македонија“ ги задоволува грчките барања во спорот со името, министерот Милошоски порача дека непосредните разговори, а не ваквите изјави можат да придонесат за придвижување на процесот напред. „Сметам дека наместо да се дават изјави во јавноста што е пожелно за една страна, а што не е прифатливо за другата страна и обратно, подобро е да се разговара директно и дискретно за да најдеме начин да го придвижиме овој македонско-грчки спор нанапред“, изјави министерот Милошоски. Според него, успехот на Македонија и нејзиниот влез во ЕУ е позитивен за самата Унија.

Двајцата министри на средбата констатираа добри билатерални односи меѓу двете земји. Министерот Моратинос попладнево се среќава со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.

Автор: АТ/макфакс/миа

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM