1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Моратинос ветува решение за спорот за името

Шефот на шпанската дипломатија Мигуел Анхел Моратинос е оптимист и смета дека прашањето за името на Македонија ќе биде решено за време на шпанското претседателство со Европската унија во првата половина на 2010 година.

default

Министерот за надворешни работи на Шпанија Мигуел Анхел Моратинос

Шефот на шпанската дипломатија Мигуел Анхел Моратинос е оптимист и смета дека прашањето за името на Македонија ќе биде решено за време на шпанското претседателство, што ќе дозволи да и се даде датум за преговори на Македонија. Моратинос смета дека преговорите меѓу Македонија и Грција се на добар пат под покровителство на ОН и не е потребно мешање во нив.

„Шпанија сака да се реши билатералниот спор со една земја членка на Унијата, која не прифаќа да и се додели датумот за преговори на ПЈР Македонија. Убеден сум дека нештата се одвиваат позитивно, новата грчка влада и македонските власти работат на крајно конструктивен начин. Шпанското претседателство ја прифаќа одговорноста да рече дека прашањето за името ќе биде решено за време на нашето претседателство. Шпанија, никогаш не блокирала, барем оваа шпанска влада тоа не го прави и се обидува да најде концензус за проблемите. Но спорот за името треба да биде решен со преговори под покровителство на ОН. Сметам дека не треба да се мешаме во нешто што е на добар пат да биде решено еднаш за секогаш.“

Претставувајќи ги приоритетите на шпанското претседателство пред новинарите во Брисел, Моратинос потврди дека десет години по самитот во Загреб, за време на шпанското претседателство се очекува нов самит со балканските земји.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM