1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Моралес по примерот на Хуго Чавез

Претседателот на Боливија Ево Моралес најави итна национализација на индустријата за природен гас.

default

Овој чекор наиде на критики во меѓународната заедница но не изненадува со оглед дека Моралес во предизборната кампања вети дека ќе ги следи чекорите на неговиот политички идол претседателот на Венецуела Хуго Чавез .

Левоориентираниот Моралес кој е прв претседател на една латиноамериканска земја кој има индијанско потекло и нареди на војската во својата земја да ги засеме изворите за природен гас. Тој притоа се закани дека Боливија ќе ги протера странските компании кои експлоатираат природен гас доколку во рок од шест месеци не потпишат нови договори со кои на државата Боливија ќе и препуштата мнозинска контрола врз целиот производен ланец .

„ Ние ги национализираме резервите на природен гас и на нафта во нашата земја. На тој начин државата го презема профитетир , сопственоста и целосната и апсолутна контрола врз овие суровини“ –порача Моралес на постројка за земен гас во јужна Боливија.

Меѓународната заедница изрази загриженост поради ваквите чекори на Моралес, меѓу нив и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер кој престојува на турнеја во Јужна Америка.

Штајнмаер притоа предупреди дека национализацијата на резервите со природен гас и нафта не преставуваат добра чекор вово градењето ан економските односи на Боливија со сеседите и со европската Унија .

Меѓутоа Моралес затоа освојува поени на домашен план . Подршката за неговата политика 100 дена по доаѓањето на власт е голема , а со најновиот чекор кој има речиси стопроцентна подршка во Боливија се очекува таа и да порасне . Боливија по Венецуела ги поседува вторите по големина резерви на природен гас во латинска Америка.