1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мораинг: ’На германскиот тенис му треба ѕвезда како Борис Бекер’

Поранешниот германски професионален тенисер, Петер Мораинг, вели дека на германскиот тенис му треба уште еден суперхерој за да се поттикне интересот - а Сабине Лисицки не ги исполнува тие критериуми.

ДВ: Дали добрата игра на Сабине Лисицки на Вимблдон ќе го даде потребниот поттик на тенисот во Германија?

Петер Мораинг: Мислам дека тоа е што ни е потребно во Германија - и не само во Германија, истото важи и за Соединетите Американски Држави, на пример - е нова ѕвезда. И тоа очајно многу. Ако Сабине сега победи, тоа е добро, но ни треба и маж кој може да ги освои големите турнири, ова го велиме веќе подолго време: Ако имаш херој во спортот, луѓето се заинтересирани, ТВ станиците доаѓаат да снимаат, помладите генерации ќе дојдат во клубовите за и самите да пробаат, без разлика дали ја сакаат играта или не. На пример, во Швајцарија, клубовите се полни и училиштата се зафатени, а тоа е поради Роже (Федерер). Пред неколку години ја имаа и Мартина Хингис, така што  ѕвездите се многу важни за спортот во нивната земја.

Дали Германија прави доволно за да ја подготви следната генерација?

Не можете со план да создадете ѕвезда. Можете да планирате да создадете добри играчи и да им помогнете да тренираат и да работат напорно, но на крајот сепак треба повеќе за да се стане ѕвезда. Секако, мора да се тренира напорно, меѓутоа јас мислам дека треба да си роден да бидеш ѕвезда.

Никој не планираше Борис Бекер да го освои Вимблдон на седумнаесет години. Не е ни поради план тоа што Мајкл Штих, кој откако матурирал на 19 години,

Wimbledon Lisicki vs Radwanska 04.07.2013

Сабине Лисицки

почнал да игра тенис и една година подоцна го освоил Вимблдон. Тоа не е нешто што може да се испланира. Во тениската прва лига Германија е на добро место во моментов, имаме многу играчи во првите 100 и сме втори или трети по најголем број на играчи во првите 100. Тоа што навистина ни треба е уште една  ѕвезда.

Споредено со денес, како беше да се игра тенис во седумдесетите?

Јас имав тринаесет години кога почнав да играм тенис. Во седумдесетите, тенисот беше за луѓе кои имаат многу пари. Моите родители ме запознаа со тенисот и почнав да играм во еден мал клуб, но потоа се преселивме, и во новото соседство веднаш спроти нашата куќа се отвори нов клуб. Тоа беше во средината на седумдесетите. Подоцна кога започна тенискиот бум, почнаа да се отвараат нови клубови насекаде. Тенисот стануваше се' попопуларен и бевме среќни што ги имавме Штефи (Граф) и Борис (Бекер), кои го направија уште повеќе популарен. На телевизија имаше тенис речиси секој ден и тоа беше врвот на тенискиот бум во Германија. Потоа, почна да опаѓа, но се` уште се држиме. Сега имаме 1,7 милион членови во тениските клубови, за разлика од 2,5 милиони за време на тенискиот бум.

Како беше кога игравте професионално, пред тенискиот бум во Германија?

Помалите турнири беа многу неорганизирани. Немаше физиотерапевти; во некои места беше тешко да се најде лекар. Повеќе доликуваше на аматерски спорт, не како денес. За мене и за брат ми беше супер, се забавувавме, можевме да патуваме и да го видиме светот играјќи тенис во исто време - но воопшто не е како сега, кога млади професооналци од Германија патуваат на турнири во Азија и на други места и е на многу попрофесионално ниво отколку во

Deutschland 60 Jahre Kapitel 4 1979 – 1989 Wimbledon-Sieger Graf und Becker

Штефи Граф и Борис Бекер

наше време.

Како изгледаше да се биде на Вимблдон тогаш?

За мене беше повеќе како авантура. Се чуствував почестено и бев среќен што успеав да влезам на турнирот. Тоа ми беше сонот уште кога почнав да играм.

Тенисот имаше репутација во Германија дека е спорт само за повисоката класа,  дали би рекле дека тоа е сменето во последните дваесет години?

Да, тоа е дефинитивно сменето. Сега има многу клубови, многу тениски игралишта. Секој што сака, може да игра.

Петер Мораинг, роден 1961, е поранешен германски професионален тенисер. Тој имаше два настапи на Вимблдон, заедно со натпреварувањето во двојки за мажи во 1993 со брат му Хајнер. Тој и неговиот брат Хајнер имаат сопствен  центар за тренирање тенис во западна Германија.