1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Монти ја претстави својата економска „Агенда“

Премиерот во оставка Марио Монти и натаму се залага за реформи во Италија. „Агендата Монти“ треба да ја извлече високозадолжената земја од кризата.

Премиерот во оставка на Италија Марио Монти и натаму се залага кај неговите сограѓани со детална програма за натамошни реформи. Тој нема намера да се кандидира на парламентарните избори за два месеца, но поранешниот еврокомесар на интернет објави стратегија за надминување на должничката криза.

Документот „Агенда Монти“ на 25 страници предлага мерки за санација на буџетот, како и структурни реформи. Од 2015 година задолжувањето треба да се намали за пет проценти годишно, ветува Монти. Целта е да се намалат долговите од актуелните околу 125 на 60 проценти од стопанскиот учинок на земјата. Освен ова, Монти, според сопствени наводи, има намера засилено да се бори против корупцијата и да се погрижи за тоа повеќе жени и пред се’ младите невработени повторно да најдат вработување.

69-годишниот Монти во основа изрази готовност, по парламентарните избори во февруари идната година, повторно да ја преземе премиерската функција. Иако во моментов се смета за нереално дека тогаш ќе застане на чело на италијанската влада, неговата програма би можела да ги постави насоките за агендата на идната влада.

Монти, откако поднесе оставка минатиот петок (21.12), се‘ уште формално е премиер на Италија. Според анкетите, во моментов води социјалдемократски ориентираната Демократска партија на чело со Пјер Луиџи Берсани. Премиерот во оставка Монти во последниот период ужива помала поддршка од граѓаните.