1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Монти: Никој веќе не треба да се плаши од Италија

Италијанскиот премиер Марио Монти денеска (11.01) разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Германија и Италија се за тесна соработка во борбата против евро-кризата.

default

Марио Монти и Ангела Меркел денеска во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел на италијанскиот премиер Марио Монти му изрази почит за напорите за штедење на неговата земја. Таа изјави дека Монти и неговата влада за најкусо можно време ги презеле вистинските чекори во насока на зајакнување на економските перспективи. Сепак, Меркел не исклучи можност до крајот на овој месец да биде изготвен новиот фискален пакет за зајакнување на еврото.

Италијанскиот премиер, од своја страна, во Берлин даде уверување дека

EU Deutschland Italien Finanzkrise Angela Merkel mit Mario Monti Pressekonferenz Berlin

Меркел му изрази почит на Монти

Италија „веќе не е заразна“ што се однесува до кризата и дека од нејзе никој веќе не треба да стравува. Монти рече дека не сака никакви признанија, зашто Италија не штеди за Европа, туку штедењето е во нејзин сопствен интерес.

Италијанските власти денеска соопштија дека буџетскиот дефицит, благодарение на строгиот крус на штедење на Владата, во третиот квартал од 2011 година паднал на 2,7 проценти. Во истиот период во 2010 година, тој изнесуваше 3,5 проценти. Дали курсот на штедење ќе биде „награден“ од страна на финансиските пазари ќе се покаже наскоро. Само во првиот кавратл од годинава Италија има потреба од кредити во висина од околу 150 милијарди евра.

Автор: ЕМФ/афп/дпа

Редактор: А. Трајковска