1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Монти: Меркел и Саркози не можат сами да ја спасат Европа

Италијанскиот премиер Марио Монти денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел околу излезните можности од евро-кризата. Меркел на таа тема разговараше синоќа со шефицата на ММФ, Кристин Лагард.

default

Италијанскиот премиер Марио Монти

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози прават голема грешка ако се убедени дека можат сами да ја совладаат евро-кризата, изјави италијанскиот премиер Марио Монти пред разговорите денеска со Меркел.

Италијанскиот премиер предупредува од антиевропски протести во неговата земја. Доколку во догледно време не се покажат успеси од подготвеноста за штедење и реформи, доколку Италија не добие поголеми отстапки од страна на ЕУ во форма на помали камати за своите државни обврзници, во Италија ќе настане протест против Европа, насочен исто така и против Германија, изјави Монти за весникот „Ди велт“.

Angela Merkel und IMF Managing Director Christine Lagarde

Германската канцеларка Ангела Меркел и шефицата на ММФ, Кристин Лагард

Меркел и Лагард разговарале за Грција

„Мојата политика нема да има успех ако политиката на ЕУ не се промени. Ако тоа не се случи, Италија која секогаш била проевропска држава, може да падне во рацете на популистите“, предупреди Монти. Тој подготвува нов пакет економски мерки за раст на третата по големина економија во еврозоната.

Еден ден по средбата со францускиот претседател Никола Саркози, германската канцеларка Ангела Меркел синоќа се советуваше и со шефицата на ММФ, Кристин Лагард за патиштата за излез од европската должничка криза. Тема на разговорот, според портпаролот на Марекл, Штефан Зајберт, била и ситуацијата во Грција, како и претстојната следна мисија на „тројката“ во Атина, од чиј извештај зависи исплатата на следната транша на финансиската помош за задолжената држава. Грчкиот премиер Лукас Пападимос претходно предупреди од државен банкрот ако Грција во март не добие меѓународна финансиска помош.

Автор: ЖА/дв/дпа

Редактор: Б. Георгиевски

Поврзана содржина