1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Монти: Италија ќе го заврши својот дел од работата во еврокризата

Новиот италијански премиер Марио Монти изјави дека неговата влада ќе го заврши својот дел од работата за надминување на должничката криза во ЕУ, но ги повика и другите земји-членки да го сторат истото.

Во говорот што денеска (07.01.2012) го одржа на северот на Италија, премиерот Марио Монти предупреди дека ниту една земја-членка на ЕУ не е доволно силна самата да се носи со предизвиците на глобалната економија.

Монти притоа не издвои ниту една земја на која би можела да се однесува неговата изјава, но во Италија постојат гласови кои тврдат дека Германија сопствените економски интереси ги става над интересите на ЕУ како целина.

Италијанскиот премиер кој стапи на функцијата во ноември за да ја спаси земјата од финансиска катастрофа, изјави дека Европа мора да има заедничка политика за економскиот раст.

EU Frankreich Deutschland Italien Finanzkrise Angela Merkel Nicolas Sarkozy und Mario Monti

Повторно самит во истиот состав - Меркел, Саркози, Монти

Наскоро самит за еврокризата на Италија, Франција и Германија

Тој порача дека Италија ќе го заврши својот дел од работата во еврокризата и ги поздрави решителните акции во земјата, како брзото усвојување на мерките за штедење, меѓу кои спаѓаат кратењето на трошоците, воведувањето нови даноци и реформата на пензискиот систем.

Решителноста и брзото одлучување на новата италијанска влада вчера го пофали и францускиот претседател Никола Саркози, по средбата со Монти во Елисејската палата во Париз. Тој ја истакна и храброста и компетентноста на италијанскиот премиер.

Саркози најави дека на 20 јануари во Италија ќе се одржи троен самит за еврокризата, на кој тој ќе се сретне со Монти и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска