1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Монти е подготвен и натаму да ја води Италија

Италијанскиот премиер Марио Монти кој поднесе оставка, објави подготвеност и натаму да ја води земјата. Но, тој нема да се кандидира на идните парламентарни избори, објави Монти на прес конференција во Рим.

Доколку биде прашан по парламентарните избори во февруари, тој би бил „подготвен да ја преземе одговорноста доверена од парламентот“, изјави Марио Монти денеска (23.12.2012) пред новинарите во Рим. Тој стои на располагање да ги помогне со своето мислење силите кои го поддржуваат неговиот реформски курс, и да „ги води, ако тоа го налагаат приликите“, истакна Монти.

Досегашниот италијански премиер јасно кажа дека на следните парламентарни избори нема да настапи како кандидат за врвната позиција. Тоа му е невозможно и поради мандатот на сенатор, кој го има доживотно.

Монти денеска најави предлог на програма која „ќе ја промени Италија и ќе ја реформира Европа“. На таков начин тој сака да спречи „опасни чекори наназад“.

Непартискиот екс-еврокомесар ја презеде италијанската влада среде финансиската криза во ноември 2011 година од тогашниот премиер Силвио Берлускони. Во петокот Монти, како и што најави, даде оставка по изгласувањето на буџетот за 2013 година. Неговата т.н. техничка влада претходно го изгуби мнозинството во парламентот, откако поддршката ја откажа партијата Народ на слободата на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Mario Monti Italien Premierminister Rom Pressekonferenz

Марио Монти нема да се кандидира

До пред кратко се ширеа шпекулации дека Монти би можел да настапи на чело на коалиција на центарот против таборот на Берлускони како и против центристичката левица. Како можни сојузници се споменуваа шефот на Ферари Лука Кордеро ди Монтицемоло, како и незадоволници од конзервативниот табор на Христијанските демократи.

Поранешниот еврокомесар Монти може меѓутоа според различни шпекулации да цели на друга функција, се споменуваа меѓу другото- наследник на сегашниот луксембуршки премиер Жан Клод Јункер како шеф на Еврогрупата или функцијата на италијански претседател како наследник на Наполитано, чиј мандат завршува во мај.

Монти, осврнувајќи се на неговиот поминат мандат, изјави дека ја остава Италија како „подоверлива“ на меѓународната сцена. Неговите 13 поминати месеци на чело на владата биле „тешки, но фасцинирачки“, изјави тој.

Новите избори во Италија треба да бидат одржани на 24 и 25 февруари следната година.