1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Монтаковци и Капулинковци

"Тгрни ги рацете од неа" го предупредува таткото Фриц сопственик на меана и фанатичен навивач на Шалке 04, својот син. Ќерката на соседот Јулија пак, навива за Борусија Дортмунд, а за Фриц спојот на овие две екипи не го предвидела природата. Класичен материјал за непријателството меѓу две семејства кои ги носат сличните презимиња како оние во Шекспировата "Ромео и Јулија", имено Монтаковци и Капулинковци. Тоа е во груби црти содржината на хумористичната пиеса "Роналдо и Јулија" со која деновиве во германскиот град Херне беше отворена новата сцена во "Мондпаласт". Фриц меанџијата толку ја мрази црно-жолтата боја на Борисуја од Дортмунд што не може да ја смисли ниту пчеличката Маја. Истото важи и за неговите соседи, само бојата е сино-бела. И што да прават вљубените Роналдо и Јулија? Решаваат заедно да навиваат за локалниот Ватеншајд. Обете семејства како на предавници им го вртат грбот и ги оставаат сами, но тие браем нема да се отрујат. А, судбината сакаше во првото коло од продолжувањето на германското фудбалско првенство да започне токму со ова регионално дерби.