1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Монголски националисти-следбеници на Хитлер

Со пароли Кинезите да ја напуштат земјата и нацистички симболи, десните радикали во Монголија привлeкуваат внимание, и на Запад. Но, набљудувачите критички гледаат и на улогата на Пекинг кон соседната земја.

default

Десните радикали во Монголија сакаат да ги протераат сите Кинези, тешката состојба им дава плодно тло

Тие сакаат да ја одбранат „чистокрвноста на Монголија“, возат со мерцедес- кабриолети низ улиците на Улан Батор, со развиорени знамиња со кукаст крст, пред камерите поздравуваат демонстративно со поздравот на Хитлер. Десноекстремистичките организации во Монголија ги обвинуваат Кинезите за економската лоша состојба и социјалните проблеми.

Кина е најголем инвеститор во Монголија


Goldgraeber in Uyanga Mongolei Goldgräber Kinderarbeiter in mongolischen Goldminen Foto: Eva Mehl f. DW Datum: 2008

Наоѓалиште на злато во Монголија

Бат Енкбаер, портпаролот на организацијата „Дајар Монгол“, односно „Цела Монголија“ има едноставно објаснување зошто Кинезите се цел на нивната омраза: „Затоа што сме Монголци.“ Во разговорот за Дојче Веле тој не ја крие омразата кон Кинезите:

„Кинезите треба да ја напуштата нашат земја. Ќе ги избркаме од Монголија, сите Кинези и оние кои потекнуваат од кинеско- монголски бракови, или Кинезите со монголски пасоши.“

Голем дел од странските директни инвестиции во Монголија се од Народната република. Кинезите доминираат во рударството, во земјата со големи рудни богатства, која има изолирана местоположба меѓу двете големи економски сили Русија и Кина. Кинезите сметаат дека Монголците треба да бидат благодарни, оти благодарение на инвестициите од соседите не само што се отвораат нови работни места за Монголците, туку има купувачи за монголските суровини.

Критики за политиката на Пекинг


Mongolei Blick auf die Stadt Ulan Bator

Главниот град на Монголија Улан Батор

Бат Енкбауер не ја знае точната бројка на членовите на неговата организација, но убеден е дека „нивната цел ја поддржуваат сите чистокрвни Монголци“. Монголскиот историчар и социолог Нијам Пурув во Улан Батор, од друга страна смета дека групата „Дајар Монгол“ нема голема поддршка од монголското општество:

„’Дајар Монгол’ пред две години можеби кренаа голема прашина, но сега едвај имаат влијание на општеството. Тие велат дека имаат илјадници членови, но според моите проценки имаат само дузина. Тоа се пред се‘ исфрустрирани млади луѓе, кои имаат радикални ставови и слабо образование, или се невработени.“

Дисидентот Кси Хајминг кој живее во Германија, поборник за човековите права од внатрешниот дел на Монголија, кој пред 20 години политички бил протеран од Кина, внимателно го набљудувал процесот на трансформација на монголското општество и често патувал во Монголија. Тој смета дека причините за анти-кинескиот национализам во Монголија се подалекусежни, пред се‘ политиката на Пекинг, која остро ја критикува:

„Влијанието на Пекинг во Монголија го сметам за нео-колонијализам. Притоа не станува збор за освојување територија, туку за купување на минголската елита во политиката и економијата, за да ги контролираат ресурсите на оваа земја. За тоа не смее да се обвинат ни сопствениците на кинеските ресторани, ниту кинеските работници, кои работат за својата гола егзистенција на градилиштата во Монголија. Неонацизмот може само да ја влоши ваквата состојба, при што сосема нормалните Монголци и Кинези ќе бидат свртени едни против други. “

Автор: Ванг Фенбо / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Симе Недевски