1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Монголскиот кашмир заминува за Кина

Кашмирот, еден од последните извовозни производи на Монголија е во опасност. Производителите се жалат дека кинеските текстилци им нудат на монголските овчари превисоки цени за благородната волна и го празнат пазарот. Од друга страна, регионот веќе не може да поднесе повеќе кози. Сето станува огромен проблем:

„Во фабриката за кашмир во Гоби на југот од Улан Батор голем број машини за плетење мируваат. Додуша, оваа државна фабрика основана пред 24 години и натаму се вбројува меѓу најголемите производители на кашмир во целиот свет. Секоја година се испорачуваат илјада тони од оваа благородна волна кои потоа се претвораат во шалови, пуловери и кебиња што се дистрибуираат во целиот свет. Од Гоби кашмир добиваат и германските синџири за облека Бети Беркли или Пек и Клопенбург.

„Па сепак, постепено суровината кашмир ја снемува. Откако Монголија во почетокот на 90-сеттите се откажа од планското стопанство бројот на козите двојно се зголеми, но монголските овчари почнаа да им продаваат на оние што подобро плаќаат. Се почесто тоа се кинески меѓу-лиферанти кои се обидуваат да бидат побрзи од монголските производители на кашмир. Од истекот на светските стапки за текстил, Кина купува се што и е потребно на нејзината забрзана текстилна индустрија. Веќе денес Кина контролира 93 насто од светското производство на кашмир, се жали шефот на фабриката во Гоби, Седванчиг:

„Во пазараната економија се е дозволено. Кој има машини, може да произведува. Оттаму натпреварот во купувањето суровини стана остар. Нашите граници кон Кина се отворени, па истекуваат 50 до 60 насто од суровиот кашмир или околу илјада до илјада и 500 тони годишно„.

Границиата кон Кина долга околу 4 илјади километри тешко може да се контролира, па цути шверцот. Монголската влада не сака да започне кавга со моќниот сосед зшто итно и се потребни кинески инвеститори во други бранши. Оттаму, Сендвачинг предлага зголемување на царините:

„Според сегашните закони, суровиот кашмир смее да се извезува, а царините изнесуваат околу 4 илјади тиргути, вредност што не е променета од 1993 година. А, оттгаш цената на кашмирот е далеку поголема. Од тие причини бараме колку што е можно побргу да се смени законот за да го отежниме извозот„.

Меѓутоа, царина плаќа само оној што официјално извезува. Проблемот на Монголија е во тоа што многумина цариници се поткупливи. Се проценува дека околу 3 ипол илјади тони кашмир годинава ќе минат преку границата на нелегален начин. Тоа може да биде причина фабриката во Гоби да капитулира иако фирмата инвестираше многу милиони долари во нови машини, во дообразувањето на илјада и 500 работници и пред се во маркетингот. Покрај водката и месото, кашмирот е еден од малкуте извозни артикли на Монголија. Ако тоа производство пропадне, на десетитици илјади луѓе им се заканува да останат без работа.