1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Момент за компромис со името и за датум!“

Зоран Талер, известувач на Европскиот парламент за Македонија денеска (29.10.2009) имаше средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ и треба да го искористи моментот.

default

Со директна комуникација меѓу Скопје и Атина може да се види дали има шанси за компромис околу името. Овој своевиден словенечко-хрватски или словенечко-италијански модел во решавањето на граничните проблеми со соседите на властите во Скопје им го сугерираше известувачот на Европарламентот за Македонија. Словенечкиот дипломат Зоран Талер како да сугерира евентуално поактивно учество на ЕУ, како што тоа беше во случајот на релациите Загреб и Љубљана, со активно посредништво на еврокомесарот Оли Рен.

Europaparlament feiert 50 Geburtstag

Европскиот парламент најверојатно ќе препорача датум за преговори

Датум по навестување за компромис

На средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и вицепремиерот Васко Наумовски тој им предочил дека датумот за преговори во декември би можел да биде добиен, но под услов да се навести грчко-македонски компромис. Тоа ќе им значи многу на граѓаните кои веруваат во ЕУ.

„Сега треба да се направи тој напор, да се напредува во декември. Ако тоа не се случи, ќе дојде до разочарување и до пад на расположението“, изјави во Скопје Зоран Талер.

Европскиот парламент наредниот месец најверојатно ќе препорача датум за преговори со Македонија, но иако е кусо времето до лидерскиот самит на Унијата, има шанси за поактивен договор меѓу Скопје и Атина.

„Со новата грчка влада на господинот Папандреу, има сигнали дека се подготвени да се откажат од некои максималистички барања, но сега треб д а се најде решение кое ќе ги задоволи двете страни“, изјави Зоран Талер за ТВ А1. Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО ќе биде посилна во одбрана на својот идентитет и меѓународната позиција, рече европарламентарецот задолжен за Македонија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска