1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Момент да се стави крај на хаосот?

На светските финансиски пазари владее хаос. Содома и Гомора - дали е време за нова реформа на финансиските пазари?

default

На паркетот на њујоршки Вол Стрит владее тензично расположение. Расположението како на трки присутно во изминатите 14 месеци, се распрсна. Трговецот Џејсон Вајсберг секое утро нервозно гледа каков е најновиот развој на ситуацијата:

„Гледам како се движат девизите и цените на златото. Курсевите, иако тоа звучи малку како теорија на заговор, ми покажуваат дека еврото нема да успее.“

Пред половина година, за две евра се добиваа три американски долари. Од почетокот на грчката катастрофа, европската валута е во надолен пад. Психолошката граница од 1,25 долари за евро е одамна пречекорена надолу. Нервозни се и трговците, како Артур Кешин:

„Ги гледам двете работи - се шпекулира при трговијата со девизи и ЦДС-пазарот. Во петокот имаше гласини дека рејтингот на Франција ќе биде спуштен. Непоимливо, но на Вол Стрит и во несфатливите гласини има по нешто.“

Се чувствуваат ударите од Европа

Како, зар Франција исто така може да банкротира? Само што американската економија го прослави новиот почеток

Parkett der New York Stock Exchange, Wall Street

Нервоза на Вол Стрит

и подем, од другата страна на Атлантикот, од Европа, стигнуваат една лоша вест по друга. Јасно е зошто пред две недели, кога Дау Џонс-индексот загуби илјада процентни поени, а курсевите за неколку минути се спуштија драстично надолу, за веднаш потоа да се опорават, прво беше обвинета Грција:

„Протестот на Грците против мерките за штедење, потоа пакетот за спас на Европејците, сето тоа создаде почва за нервоза на пазарот. На американската економија, всушност, и‘ оди добро, но океанот меѓу двата континента како веќе да не постои. Сега се чувствува повратниот удар од Европа, кој до пред неколку години немаше да се почувствува.“

Океаните веќе не постојат

Со акции и други хартии од вредност се тргува ширум светот. Затоа е потребно регулирање на меѓународните финансиски пазари. Ако се спроведе реформа само за САД, тоа за Вол Стрит ќе значи огромна слабост во меѓународна конкуренција.

Притоа, како што вели Џејсон Вајсберг, не треба да се регулираат класичните берзи на акции:

„Не ни‘ е потребна построга, туку подобра регулатива. Пазарот на акции во Њујрок е најтранспарентниот пазар

Wallstreet Börsenkurs Anstieg Dow Jones

Ако се спроведе реформа само за САД, тоа за Вол Стрит ќе значи огромна слабост во меѓународна конкуренција

на светот. Ние не шпекулираме на курсеви што паѓаат. Се‘ е отворено и транспарентно на Вол Стрит. Кој ќе го напушти ова опкружување, тој лови во неконтролирани води.“

Тод Гордон не тргува ниту со т.н. „убиствени хартии“. Тој е трговец со девизи и стратег во Гејн Капитал Груп. Тој не сака регулирање на неговиот пазар дури и во време кога цели држави банкротираат и кога еврото паѓа.

„Дали еврото беше преценето? Јасно да. Централните банки печатеа пари за да спречат криза и еврото од тоа профитираше. Пазарите треба самите да се порамнат. Тие самите ќе најдат фер цени за хартиите од вредност.“

Автори: Миријам Браун / Јенс Корте / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска