1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Молчи, добро е што имаш работа...

Плати кои доцнат со месеци, прекувремена (неплатена) работа, без годишен одмор... За секојдневното прекршување на Законот за работа во Србија, вработените главно молчат - за да не останат и без таа, каква-таква работа.

Марија секојдневно шета меѓу скапи парчиња мебел. Орманите и креветите чинат и по неколку стотици илјади динари. Таа ги продава. Меѓутоа во познатиот синџир на салони за мебел во кој работи Марија (вистинското име познато на редакцијата), таа прима само 20 илјади динари месечно (околу 180 евра, н.з.). И тоа со задоцнување. „Имам три дена одмор годишно, а во текот на една седмица само неделата ми е слободна! Работиме и прекувремено, но тоа не ни е платено“, резигнирано раскажува оваа работничка од централна Србија.

Кому му служи Законот за работа?

При стапка од невработеност од речиси 30 насто, колку што изнесува и уделот на сивата економија во земјата, работниците се принудени да молчат и да трпат, за да не останат и тие без работа. Од една страна, државата ги толерира работодавачите кога не исплатуваат плати и не уплаќаат даноци и придонеси - ваквата широкоградост убаво се виде на примерот на Симпо од Врање. Од друга страна, на работниците не им се простува ако доцнат на работа или не ги извршуваат своите обврски. Газдите го казнуваат тоа со отказ!

Државата, за да го добие она што и‘ припаѓа, може да му ја блокира сметката на работодавачот доколку избегнува плаќање данок, меѓутоа таа нема ефикасен механизам да го заштити работникот ако му доцни платата. Основното прашање е кому му служи Законот за работа, кога и неговите најбанални одредби - ако некој работи да биде за тоа и соодветно платен - се кршат секојдневно и масовно?

Во Сојузот на самостојни синдикати на Србија признаваат дека во такви ситуации не можат многу да им помогнат на работниците. Државата им прогледуви низ прсти на работодавачите поради големиот број невработени, вели потпретседателот на Сојузот, Зоран Михајловиќ. „Од друга страна, има и вработени кои исто така се толерантни кон работодавачот, бидејќи знаат дека тешјко ќе најдат друга работа. Доколку по некој случај го тужат работодавачот, тогаш може да се покрене стечајна постапка, а тоа значи дека и тие го губат работното место“, вели Михајловиќ за ДВ. „Едноставно ние сме во маѓепсан круг. Пзарот на труд е пореметен, има многу луѓе кои бараат работа и работодавачите го злоупотребуваат тоа.“

На дрскоста на работодавачот неодамна укажа и една новинарка на телевизијата Пинк. Таа во отворено присмо упатено до сопственикот на телевизијата Жељко Митровиќ прашува зошто вработените не примаат плати веќе со месеци. За разлика од работничката во салонот за мебел, новинарката јавно му кажа на сопственикот на оваа национална телевизија, кој заработува милиони од реални шоуа како „Фарма“, но и од емисии во кои главни ѕвезди се „лесно“ облечени пејачки, дека прекршил една од основните одредби на Законот за работа - дека вработените имаат право на паричен надомест.

Тужи, па седи и плачи

Во случај на неисплатени плати, работникот може да го пријави работодавачот на трудова инспекција или да го тужи, но тие спорови обично траат со години. Секако дека постои и подобар начин вработените да го остварат своето право, вели претседателот на Унијата на работодавачи, Небојша Атанацковиќ и го наведува примерот на Русија, каде фирмата автоматски се затвора доколку работниците три месеци не примат плата. „ Во расходите кои ги има работодавачот, платата на работниците мора да има приоритет. Често се случува работодавачот да ја исполнува првата обврска - еднаш месечно да уплатува придонеси за минималец, но подоцна да не исплатува плати“, вели Атанацковиќ

Има фирми, додава тој, кои не можат да ги наплатат своите побарувања - понекогаш им должат и државни субјекти - па апсурдно е да ги платат своите долгови. „Голем број стопански субјекти гаснат, бидејќи не се во состојба да работат, а за тоа честопати е виновна државата“, вели претседателот на Унијата на работодавачи на Србија.