1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Молк за лустрацијата

Формалниот почеток на лустрацијата во македонското општество стартуваше пред еден месец. Пред и потоа – молк во јавноста, незаинтересираност на судството, бавност кај полицијата, инертност кај новинарите да истражуваат.

default

„Името на мојот доушник е прикриено со црн фломастер“, изјави вчера (24.09.2009) режисерот Владимир Милчин, инаку еден од противниците на задоцнетата лустрација во Македонија. „Во архивот на државата се чуваат сите оригинални полициски досиеја“, му реплицираше историчарот и директор Зоран Тодоровски.

Во оваа мини полемика на вчерашната дебата „Дваесет години од падот на Берлинскиот ѕид“, во организација на фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, се вклучи и Ивица Боцевски, екс-вицепремиерот, кој во јавноста се појави со констатацијата: „Македонија не сака да се судри со своето критичко толкување на комунистичкиот режим“.

„Едно критичко препрочитување на својата нова и најнова историја, отворање на црните петна од својата нова и најнова историја, да се преработат и презентираат оние поглавја на младите луѓе во Македонија, што се критични за актуелниот политички момент. Значајно е тоа што влијае врз конкретните општествени, интелектуални и политички текови“, изјави Боцевски.

Mazedonien Der Vizeministerpräsident Ivica Bocevski

Боцевски: „Потреба од критичко препрочитување на историјата“

Екс-вицепремиерот Боцевски со констатацијата: „кај нас се кријат црните петна на луѓе кои се‘ уште влијаат врз општествените текови, а ги оставаат активни интелектуалците и политичарите што биле полициски доушници.“

Процесот никако да почне

Потврда на овој став индиректно може да се бара во спорната македонска енциклопедија, зашто и меѓу академиците и редакторите има јавни личности со богато досие за соработници на југословенските и македонските тајни служби. Прочистувањето, лустрацијата од тоа минато или сегашност, се‘ уште не зафатило ниту еден академик, новинар, универзитетски професор, писател.

„Најголемиот број од досиејата се наоѓаат во Белград, и тоа во комплетна форма, поради тој реципроцитет што постоел во поранешна Југославија и за кој што ние се разбира не знаеме во колкав број се и кои што досиеја најверојатно никогаш нема да ги добиеме“. Оваа изјава на историчарот Ѓорѓи Малковски кој е член на комисијата за лустрација, предизвика недоумици, па и деманти.

Познато е дека персоналните инсталации на југословенските тајни служби и денеска се активни на македонската политичка и јавна сцена. Историчарот Малковски инаку е редактор на Македонската енциклопедија, во делот со оспорените факти за автохтоноста на албанското население во Македонија и навредливото именување како Шиптари, што инаку е продукт на македонските и југословенските тајни служби од средината на минатиот век.

МВР се‘ уште молчи

Amtsstube - Akten

Од МВР за сега ниту еден допис кој соработувал со тајните служби

Иако МВР е должно брзо да одговори на барањата од Комисијата за лустрација, засега од таму нема ниту еден допис дали некој од полтичарите кој поднеле писмени изјави бил активен соработник или повремен доушник на тајните служби, главно на политичките полиции. Многумина зборуваат дека прашањето за лустрација во Македонија ќе заврши како што започна: со долги дебати дали е потребно отворање на полициските досиеја, општествените процеси и тајните петна на македонската политичка и јавна сцена.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска