1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Молкот за скандалот со „Дојче телеком“ е сомнителен, смета СДСМ

Најголемата опозициска партија во Македонија ги повика надлежните државни институции веднаш и без понатамошно одлагање да започнат со расветлување на корупцискиот скандал со “Дојче Телеком“ и “Маџар Телеком“.

default

Управната зграда на Т Мобиле во Скопје

САД на крајот од декември им наложија на „Дојче Телеком“ и неговата филијала „Маѓар Телеком“ да платат 95 милиони долари, согласно спогодбата по судската тужба, во која се тврди дека наводно поткупиле официјални претставници на Македонија.

Американските иследници го обвинуваат „Маѓар Телеком“ дека им платил околу 4,88 милиони евра на македонски официјални претставници во текот на 2005 и 2006 година за да го одолговлекуваат отворањето на пазарот за безжична телекомуникација во земјата за нова конкуренција.

SDSM Gebäude in Mazedonien

Седиштетп на СДСМ

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска (20.01.2012) соопшти Јавното обвинителство од декември, минатата година, кога беше обелоденета одлуката на американските надлежни органи, наместо да реагира тврди дека обработувањето на доказите изведени од американските надлежни
институции,, ќе било зијан затоа што тие не се признавале како докази во
Македонија.

Правдата да биде задоволена


„Оваа сомнителна “тишина“ кај Владата, а особено кај ВМРО ДПМНЕ покажува
дека тие се мачат нешто да сокријат. Никола Груевски и онака си ја има
мувата на капата, бидејќи како министер за финансии во Владата на Љубчо
Георгиевски ја аминуваше приватизацијата на ’Македонскиот Телеком’. Тој не
може да избега ни од аферата со партиската фирма ’Аналитико’ која временски
се поклопува со периодот јуни 2006 година, за кој американските институции
воделе истрага и донеле одлука. Уште повеќе затоа што во аферата “Аналитико“
се вмешани највисоки актуелни функционери на ВМРО ДПМНЕ во извршната власт“ , вели потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Тој вели дека ставот на СДСМ за овој случај е јасен и прецизен и дека без
разлика дали се работи за функционери на СДСМ, ДУИ или ВМРО ДПМНЕ, правдата мора да биде задоволена.

Автор:СН/ЖА/макфакс

Редактор: Жана Ацеска