1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Молитви и протести за Папата во Берлин

На Олимпискиот стадион во Берлин, Папата Бенедикт 16 одрржа служба со причеста на која ги повика присутните, и покрај негативностите, да и останат верни на Католичката црква. На другата страна на градот се протестираше

default

Овации за католичкиот поглавар

Германската престолнината,  во која секој третти граѓанин е Христијанин,  каде има верници, атеисти и многу луѓе кои се во потрага во верата - не е безбожен град. Со весели восклици, аплауз, музика присутната шеесетилјадна публика од сите генерации на Олимпискиот стадион му посака добредојде на папата Бенедикт 16-ти . Во белиот Папамобил, католичкиот поглавар  направи круг по сината атлетска патека еуфорично поздравуван од присутните, особено во миговите кога низ отворените прозорци  на блиндираното возило, милозливо ги бакнуваше повеќето бебиња и мали деца кои му беа подавани на благослов. Потоа, следеше  потпишувањето во Златната книга на Берлин , во која пред 15 години пред Бенедикт 16-ти  своето име го стави и неговиот претходник Јован Павле Втори.

Papstbesuch in Deutschland 2011 Berlin

Апел за враќање кон црквата и заедништвото


Во вербата човек не е сам!

По молитвата Папата  кажа дека Црквата е Божји подарок.
„Дури и  кога станува збор за  болните искуства! И во црквата има добри и лоши  риби,  пченица и плевел ! “ рече папата забележувајќи дека погледот се фиксира на лошите работи со што не се отскрива големата и убава тајна на Црквата. Тој не ги коментираше злупотребите и сексуалните скандали, но посочи дека  заради ваквите нешта ја нема радоста  да се припаѓа на црквата. Споредувајќи ја поврзаноста на верниците со црквата, како онаа на грозјето со виновите гранки,  повика на поголема сполотеност, зашто како што кажа „На Исус му припаѓаме заедно“ истакнувајќи: 
„Кој верува не е сам. Ние не веруваме сами, туку со целата црква - на сите места и  во сите времиња...“
Црковната служба финишираше со света причеста и песна од присутните верници кои пристигнаа од сите краишта на Гертманија, од Полска, Чешка, Шпанија...

Посебна атмосфера

Како дел од присутните  ги доживеаа двата часа дружење со папата?
„За мене папата е заменик на Господ Бог. Средбата со папата е како средба со Исус!
„Ова беше  една многу убава црковна служба со причеста и се радувам што го видов папата“
„Сосема посебна е оваа атмосфера -  кога заедно се пее,  кога се слави.. Мислам дека со зборови  вистински и не може да се опише. Тоа е посебна воздишка која блика во душата“.
„За мене средбата со Папата отсекогаш бил посебен момент кој ми давал сила“.


Flash-Galerie Papst Benedikt XVI. Deutschland 2011 Protest

Илјадници протестираа против Папата и обраќањето во Бундестагот

И додека на Олимпискиот стадион, верниците пееја и се причестија, на другиот крај на Берлин – од Подздамер до Бебелплац, се оддржаа демонстрации. Противници на католичката црква, геј и лезбиски организации, но и претставници на СПД, Зелените и партиите на Левицата протестираа  против обраќањето на Папата во Бундестагот и неговиот став кон контрацепцијата и хомосексуалноста.
Еден Берлинчанец, инаку протестант, кој  добро ги познава различностите  на градот вели дека е интересно што Папата е во Берлин и што зборувал во Бундестагот. Меѓутоа, секој требало да чуе што има Папата да каже и потоа да изгради свое мислење. Папата не смее да се цензурира!

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Борис Георгиевски
 

DW.COM