1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Молитва на Папата на Граунд Зиро

Бенедикт 16-ти го посети Граунд Зиро, местото на кое се наоѓаа кулите-близначки на Светскиот трговски центар. Тој се помоли и им оддаде почит на 3-те илјади жртви на терористичките напади од 2001-ва.

default

Молитва на Бенедикт 16-ти на Граунд Зиро во Њујорк

Облачното и влажно утро во Њујорк беше соодветно за поводот за посетата на Папата. На Граунд зиро молчешкум, во многусериозна и свечена атмосфера, него го очекуваа околу 200 луѓе. Последните чекори до местото на церемонијата Папата ги помина пешки, проследен со звуци на една суита од Јохан Себастијан Бах.

Бенедикт 16-ти клекна на колена и помина една цела минута во молк. Потоа се помоли за оздравување и сила за сите, кои загубија некој близок во нападите. Животите на жртвите не смеат да бидат залудно дадени, рече Папата. „Нека Господ донесе мир во светот со насилства, во срцата на луѓето и во сите нации, мир и на сторителите: Господ треба да ги води на пат кон љубов оние, чии срца и души се разјадени од омраза“.

Бенедикт 16-ти потоа запали свеќа и го благослови местото на церемонијата.


Крај на посетата со миса во Њујорк


Папата лично им се заблагодари на неколкумина пожарникари и полицајци за ангажманот по нападите и поздрави роднини на жртвите. „Величествено беше да се почувствува процесот на оздравување и присуството на Светиот отец, пред се’ сознанието дека благодарение на Бенедикт 16-ти тој процес е поставен врз целата нација“ - рече еден од пожарникарите.

На крајот од престојот во САД Папата одржа и голема миса пред околу 60 илјади луѓе на Јенки-стадионот во Њујорк.

►◄

Поврзана содржина