1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Можни разговори меѓу Северна и Јужна Кореја

Додека течат преговорите за американската хуманитарна помош за Северна Кореја, на форум во Њујорк можни се нови дипломатски активности меѓу Севрна и Јужна Кореја. Меѓународната заедница се надева на дипломатско решение.

Преговарачи на САД и Северна Кореја во Пекинг ги утврдуваат последните детали околу американската испорака на прехранбени производи. Северна Кореја се согласи, во замена за хуманитарна помош, да ги стопира атомските и ракетните тестови, како и облагородувањето ураниум.

По првичните дипломатски активности, претставници на Северна Кореја и на Јужна Кореја уште оваа недела би можеле да остварат средба на маргините на неформален безбедносен форум во САД. Портпаролот на јужнокорејскиот министер за надворешни работи во понеделникот изјави дека не е договорена средба меѓу преговарачите на Пјонгјанг и на Сеул, но дека од денеска (07.03) тие ќе учествуваат на тридневен форум во Њујорк. Тоа значи дека разговори би биле можни. САД сметаат дека подобри односи меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја се одлучувачки за дипломатко решение на атомскиот конфликт.

Дипломатските активности будат надежи за обновување на меѓународните разговори околу севернокорејската атомска програма, кои се замрзнати веќе три години.

Автор: АТ/ АМ/ дв/ дпад

Редактор: Е. М. Фиданоска