1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Можни два процента растеж

Германската конјунктура годинава, според мислењето на министерот за економија Михаел Глос на крајот би можела да биде и посилна отколку што очекува сојузната влада. Тој смета дека се можни два процента пораст во 2006:

Министерот за економија Глос е оптимист

Министерот за економија Глос е оптимист

Со тоа коалицијата додава еден „плус„ на пресметаните 1,2 процента во распон меѓу 1,4 и 1,6. Унијата и социјалдемократите побараа попретпазлива проценка и затоа не ги поставија толку високо очекувањата од пакетот, изјави Глос. Меѓутоа, постои шанса прогнозата на вистинските очекувања да биде надмината, рече Глос во Берлин:

„Во годишниот економски извештај во 2006 очекуваме пораст на бруто-националниот производ, реално за еден ипол насто„.

Глос уште дополни:

„Не како последно, веќе можат да бидат спроведени планираните мерки од владата, па исходот да биде подобар од претпоставеното. Значи, ние нашите очекувања во програмата за импулси не ги поставивме толку високо, но се надеваме дека ќе бидат предизвикани дополнителни ефекти повисоки од првите очекувања. Во тој случај е можен пораст и до 2 процента. Но, уште еднаш велам: остануваме на прогнозата од еден ипол насто„.