1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Можна офанзива против Курдите во Ирак

*

Националниот совет за безбедност на Турција денеска заседава за можна офанзива против курдските бунтовници во северен Ирак.Десетици илјади луѓе вчера на протести побараа од владата да одговори на нападот од курдската ПКК од неделата.

Ирачката влада во меѓувреме најави преземање мерки против курдските бунтовници во Северен Ирак. Ирачкиот премиер Малики нареди затворање на сите бироа на курдската работничка партија во Ирак.Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан при посета на Лондон изјави дека акцијата на турската армија во северен Ирак е можна во секој момент.