1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Можна ли е сензација?

По двата убедливи порази на македонските ракометарки на ЕП во Србија, и само победа денеска против Данска би била сензација. За пласман во следната фаза дури и во таков случај мора да се поклопат и други коцки.

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20 часот и 15 минути во салата „Чаир“ во Ниш го игра третиот натпревар во групата Б од Евроспкото првенство што се игра во Србија, а противник и е селекцијата на Данска. Подмладената Данска, која пред почетокот на првенството беше посочувана како репрезентација која може да се победи, во мечот со Македонија ќе влезе на ‘крилјата на успехот' по победата над Франција.

За избраничките на селекторот Гино Стрезовски, по двата убедливи пораза од Франција и од Шведска, шансата за пласман во следната фаза е само победа против Данска.

Во зависност од исходот од првиот натпревар денеска (почеток 18:15 часот) меѓу Шведска и Франција, ќе се знае победа со колку разлика им е потребна на македонските ракометарки. Доколку победи Шведска тогаш Македонија ќе треба да ја победа Данска со осум и повеќе голови разлика, а со нерешен резултат или победа на Франција, доволна ќе биде и минимална победа.

На чело на табелата е Шведска со 4 бодови, Франција и Данска имаат по 2, а Македонија е без бод.