1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Можна ли е и во ЕУ блокада како во САД?

Многу Европејци со вчудовиденост и неразбирање гледаа како приврзаниците на „Ти парти“ успеаја да ги блокираат САД, односно преговорите за буџетот. Дали е можно и ЕУ наскоро да се најде во слична ситуација?

Она што речиси никој не го сметаше за можно - се случи. Група реакционерни политичари од движењето „Ти парти“ ги втурнаа САД во криза поради кавгата околу буџетот. На претседателот Обама со многу тешки напори на крајот му успеа да ја надмине блокадата, таканаречениот Shutdown, и со тоа беше спречен банкрот на САД. Можеби дел од Европејците помислија: „САД се далеку, тоа кај нас не би било можно“, но тоа е погрешно. Зашто и во Европскиот парламент во иднина не може да се исклучи политика на блокада која би ја воделе реакционерни сили.

Доколку партии кои се настроени против ЕУ и еврото или деснопопулистички партии и натаму добиваат на полет и освојат повеќе гласови на изборите за Европскиот парламент во мај 2014-та, тогаш нивното влијание во ЕП ќе се зголеми. Таму можат да склучат сојузи и да вршат влијание врз политиката на ЕУ според сопствените цели. Во Брисел се оценува дека ЕУ во таков случај не

Porträt - Europaparlamentarierin Franziska Keller Die Grünen

Франциска Келер

би била комплетно блокирана, но има стравувања дека е можен некаков „Shutdown light“, односно блокада во лајт-верзија, како одолговлекување на законски иницијативи или генерално попречување на работата на Парламентот. Европратеничката Франциска Келер од Зелените за Дојче веле оценува дека веќе сега во ЕП има блокади од страна на реакционерни групации. „Тоа во иднина би можело да се зголеми“, предупредува пратеничката.

Поврзување на десните популисти

Деснопопулистичкиот камп станува мобилен. Противниците на ЕУ во Франција и Холандија, предводени од Марин ле Пен и Герт Вилдерс, имаат намера да соработуваат. Вилдерс преку Твитер најави средба со Ле Пен за 13 ноември, на која треба да се разговара за заедничка стратегија за европските избори. Франциска Келер е на мислење дека десните популисти имаат намера да се фокусираат пред се‘ на политиката на ЕУ кон бегалците и мигрантите. „Ќе биде тешко“, вели Келер.

Frankreich Wahl zur Nationalversammlung Marine Le Pen Rechtspopulistin von der Front National FN

Марин Ле Пен на предизборен собир во Франција (архива)

Вознемирени се и други европски политичари. „Надоаѓањето на популизмот денес е најопасната социјална и политичка појава во Европа“, изјави на пример италијанскиот премиер Енрико Лета за Њујорк Тајмс. Тој побара да се дејствува против тоа, или „по изборите во мај 2014-та ќе го добиеме најголемиот антиевропски блок во Европскиот парламент досега“. За се спречи „кошмар“ про-Европејците мора да освојат 70 проценти од пратеничките места, но во речиси сите земји на ЕУ на тежина добиваат деснопопулистичките, евроскептичните и против ЕУ насочени партии. Нивните главни теми, како доселување, политика на штедење, истапување од ЕУ или отфрлање на еврото, доминираа на последните избори.

Порака со голема симболична сила

Низок одзив на изборите би можел да го олесни влезот на ЕУ-противниците во Европскиот парламент. На последните избори во 2009 година, одзивот изнесуваше нешто повеќе од 43%, односно беше многу понизок од просечниот одзив на изборите за националните парламенти или на претседателските избори во земјите на ЕУ. „Колку е понизок одзивот, колку повеќе на избирачите им е сеедно, толку поедноставно им е на радикалните сили да создадат мнозинство“, објаснува за ДВ Сергеј Лагодински од фондацијата „Хајнрих Бел“. Сепак, според него, за разлика од САД, каде „Ти парти“ како дел на

Abstimmung im Europäischen Parlament in Straßburg ARCHIVBILD 2008

Во ЕП наскоро би можело да има повеќе ЕУ-противници

влијателната Републиканска партија има поголемо влијание на американската политика, противниците на ЕУ ќе бидат релативно изолирани. Тие, оценува Лагодински, нема да претставуваат таква институционална закана каква што произлегува од „Ти парти“. „Меѓутоа, постои опасност други конзервативни партии, но и левичарски партии, да бидат зафатени од вителот на популизмот“, оценува тој.

Европратениците, како Франциска Келер од Зелените, имаат намера да го искористат времето до изборите за ЕП во мај наредната година за да го потенцираат значењето до излегување на избори и да развијат стратегија со која десните популисти би биле изолирани. „Досега деснопопулистичките групации во Еврпскиот парламент се растураа сами од себе, поради нивните националистички спортивставености“, вели Келер. Според нејзе, можно е тоа повторно да се случи, но „на такво нешто не треба да се потпираме“.