1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Можна ли е воена акција против Иран?

Дали светот ќе доживее ново поглавје во атомскиот покер? Се чини сосема е можно: Се очекува Иран во текот на денов да одговори на понудата од петте земји со право на вето и Германија во врска со атомскиот спор со оваа земја. Тие од Иран ултимативно побараа да го запре збогатувањето ураним. Вашингтон и натаму е за дипломатско решение, но не ја исклучува сосема можноста од војна:

Буш е се уште за дипломатско решение, но...

Буш е се уште за дипломатско решение, но...

Вчера генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан апелираше до иранската влада да ја прифати понудата и да попушти во атомскиот покер. А, беа понудени политички и економски отстапки: меѓу другото изградба на атомски реактор на лесна вода, како и развој на мирољубива употреба на атомската енергија со можност Иран редовно да се снабдува со ураниумско гориво од Русија. За возврат, Иран треба да ги запре сите активности за збогатување на ураниумот и во целост да соработува со меѓународната агенција за атомска енергија. Понуда за иднината, оцени германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер:

„Многу се надевам дека таму постојат доволно интерес и разум за да се спречи ескалација и заедно со оние одговорни за понудата да се трага по дипломатско решение„.

Сличен и ставот на американскиот претседател Џорџ Буш изнесен на вчерашната прес-конференција. Тој сака проблемот да се реши по дипломатски пат заедно со меѓународната заедница:

„Соема е извесно дека сакам проблемот да се реши по дипломатски пат. Најдобриот метод за тоа е со Иран да зборуваме во ист глас„.

До колку Иран одбие, тогаш Советот за безбедност треба да воведе санкции, додава Буш:

„Ако Обединетите нации сакаат да бидат ефикасни, тогаш мора да има консеквенци. Ние ќе работиме со сите членки на Советот за безбедност врз таквите консеквенци„.

Многумина посматрачи тргнуваат од тоа дека Буш, во „случај на случајот„ веќе побарал да се испитаат и воени опции. Некои, како познатиот новинар Сејмур Херш, во израелската воена акција во Либан гледаат тест за ограничена американска војна против Иран.

А, како ќе реагира иранската влада денеска се уште не е познато во детали. Таа најави дека ќе упати таканаречен „мултидимензионален„ одговор. Со други зборови, Техеран ниту ќа ја прифати, ниту ќе ја одбие понудата, туку ќе бара натамошни преговори кои, како што вели престедателот Ахмадинеџад, треба да се одвиваат на рамна нога:

„Преговорите мораат да се одвиваат во фер атмосфера и обете страни да бидат рамнопрвани. Но, ако мислат дека можат да ни се закануваат, тогаш треба да знаат дека иранскиот народ таква клима решително одбива„.

Духовниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вчера изјави дека неговата земја ќе продолжи да работи врз атомската програма. Иран нема да се придржува кон резолуцијата на Советот за безбедност и ќе продолжи да збогатува ураниум, изјави Хамнеи.