1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Можна ескалација на конфликтот меѓу СОНК и владата

Одмерувањето на силите меѓу синдикатот и властите во Македонија од понеделник влегува во нова фаза.

default

Ќе се вратат ли наскоро во клупите? Ученици од едно скопско училиште

Претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски и уште седум члена од претседателството на синдикалната организација решија од понеделник 01.12.08 да стапат во штрајк со глад. Ова е лична одлука без перпораки и без желба да влијаеме врз претседателите на регионалните организации и на членството да го следат нашиот пример, порача Цветановски. Освен тоа донесена е одлука евентуалната одлука на регионалните организации да го перкинат штрајкот да се смета за повреда на статутот на СОНК, туку како израз на фактот дека тие не можеле да го издржат притисокот. Со раководството на синдикатот и на штрајкувачите в понеделник во мисијата на Европската комисија во Скопје ќе разговара и висок претставник на Интернационалната синдикална организација за образование од Брисел. Што се однесува до најавите за протести пред владата, лидерот на СОНК вели дека таа за сега на се зема предвид.