1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Може ли Црвена Вода да го замени Прохор Пчински?!

На 3 Октомври пред 7 децении во Црвена Вода е издаден Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ. Во селото се случиле и други настани од поблиската македонска историја. Борците со инцијатива во иднина Илинден да се слави таму.

Сојузот на борците од Охрид и Дебрца заедно со месната заедница од Црвена Вода пред една година покренаа инцијатива 70 годишнината од издавањето на Манифестот на Главниот штаб на Народно – ослободителната војна и Партизанските одреди на Македонија кој, според нив, е рамен на Крушевскиот манифест од 1903 и Манифестот на Првото заседание на АСНОМ од август 1944 да се одбележи со државна прослава. Од нив потекна и идејата заради ред значајни настани кои се случиле во овој крај – државата да востанови нов заеднички датум, а во Црвена Вода да се празнува и Илинден. И можеби сѐ ќе беше во ред, ако Собраниската Комисија за култура Календарот за одбележување на датуми и манифестации за 2013 и предлогот не ги разгледуваше дури во средината на септември,а парламентот ги усвои 5 дена подоцна. Собранието не формира Одбор за прослава на овој настан, туку со

Vele Mitanoski, Journalist aus Ohrid, Mazedonien

Веле Митаноски

Одлука, грижата за прославата и ја препушти на Општина Дебрца.

Вината лежи и кај власта и кај опозицијата

Дали само временскиот цајтнот е причина за ваквиот однос кон овој голем јубилеј, кој е темел и предвесник на независноста на Република Македонија. „Вината е заедничка и на власта и на опозицијата. Прашање е како до септември се славеа сите датуми без програма за годинава? Зад сево ова се надзира односот на власта кон НОВ и традициите од поблиското минато на Македонија. Ако сакаше тоа да го стори не ќе дозволеше ваков јубилеј од државно значење да се препушти на една селска општина, која има желба, но нема капацитет, средства и кадар. Зошто претседателот на собраниската Комисија кој е од опозицијата не свика прес и не кажа од кои причини не можеа да се состанат. Единствено пратеникот Митре Велјаноски од СДСМ кој потекнува од тој крај, како член на комисијата се заложи за гласност на овој голем јубилеј“, вели новинарот и публицист Веле Митаноски.

Празниците да обединуваат, а не да го делат народот

Цајтнотот не е оправудвање и за претседателот на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца Гоце Георгиевски, сепак вели: „Да бидеме објективни, лани во

Das Kloster Prohor Pcinjski

Манастирот Прохор Пчињски

октомври не посети пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски. Тој беше воодушевен од иницијативата за државна прослава и рече дека таа ќе помине со консензус без разлика на партиска припадност во парламентот и дека до јубилејот ќе се изгради нов или ќе се реновира стариот Спомен дом во Црвена Вода. Но, тоа не се случи. Сепак, ме радува фактот дека Општина Дебрца во подготовките влезе без калкулации околу организирањето на прославата. Од нас побараа да ги посочиме членовите на Сојузот на борци за организирано да ги донесат. Би сакал сите празници да бидат обединувачки фактор за Македонците без разлика на партиската припадност. “

Многу аргументи во Црвена вода да се слави нов заеднички празник

Цела година сѐ погласно се промовира идејата дека Вториот македонски Илинден од 1944 треба да се слави во Црвена Вода, а не во Прохор Пчински. Начелно, никој не е против, но иницијативата уште не е процесуирана. Така би се избегнале понижувањата кои на државата и македонскиот народ последниве децении им се случуваат таму. Пелинце е само солуција,а Црвена Вода со настаните го заслужува тоа, велат преживеаните борци и почитувачите на традиците од НОВ:

„Дебрца била прва слободна територија во окупирана Македонија. Тука е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, избрани се

Goce Georgievski, Kriegsveteran aus Ohrid, Mazedonien

Гоце Георгиевски

делегатите за Второто заседание на АВНОЈ, се случувале контактите со британската сојузничка мисија (првото македонско меѓународно признавање од сојузниците од денешната НАТО ), тука беа отворени првите училишта на македонски јазик и други настани кои зборуваат за зародишот на идната македонска држава уште во вителот на Втората светска војна.

Во Манифестот кој е издаден во Црвена Вода е претставена платформата на НОБ и македонската државност, а Манифестот е потпишан од сите членови на Главниот штаб со полни имиња и презимиња, со цел да се отстранат сомнежите од тогашната пропаганда дека во Македонија не се борат Македонци, како и да се минимизира народно– ослободителната борба.