1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Може ли сили на ОН да го спречат насилството на Блискиот Исток?

Досегашната мисија УНИФИЛ во Либан не покажа поголем успех, коментира Петер Филип.

Дали се трупите на ОН вистинското решение?

Дали се трупите на ОН вистинското решение?

Во ситуација кога луѓето веќе не знаат што да направат, како што е оваа во Либан, се случува да се фатат за идеи и планови кои одамна се покажале како неефикасни. Така сега се појави предлог во јужниот дел на Либан да испратат меѓународни сили за да гарантираат мир на границата и да спречат евентуални борби. Не е јасно каков мандат би имале овие трупи, ни колку би биле силни ниту како ќе се формираат. Се знае само дека страните во конфликтот Либан и Израел во моментов се против ваквиот план. Во овој регион веќе има вакви трупи. Привремените вооружени сили на ОН во Либан, УНИФИЛ се основани во 1978 година што покажува дека привремените решенија можат да прераснат во трајни и дека може многу да решат.

Мисијата на УНИФИЛ требаше да го овозможи повлекувањето на Израел од Либан, да го гарантира мирот и безбедноста и на либанската влада да и помогне да ја воспостави власта на целата територија. Во тоа време беа ангажирани 4500 војници од Франција, Кина, Фиџи, Полска и Индија. Денеска се останати околу 2000. Тие на влезовите во населените места имаа поставено контролни пунктови и ги претресуваа автомобилите во потрага по оружје и експлозив. Не можеа да спречат поголеми судири, па немо набљудуваа како Палестинската ослободителна организација ПЛО, го ракетираше Израел, додека израелските сили не продреа на југот на Либан и започна либанската војна. Израел од Либан се повлече во 2000 година, значи дваесет и две години по стационирањето на УНИФИЛ. Меѓународните сили при тоа немаа никаква врска со повлекувањето. Ниту ПЛО нема влијание во таа област бидејќи местото одамна им го зазема Хезболах. Либанската влада и понатаму не го контролира југот на земјата. За нови меѓународни сили да бидат испратени во кризната област, мора за тоа да има согласност од двете страни во конфликтот. Јасно е кој треба да даде зелено светло во Израел за тоа, но кој треба да даде одобрение во Либан, владата или Хезболах? И што ако Хезболах се противи на тоа? Мирот не е возможен доколку завојуваните страни тоа не го сакаат, но можеби е можно примирје. Но, тоа значи дека меѓународните сили би требало да имаат мандат со кој целите би ги реализирале по потреба и со вооружена интервенција, а тоа пак значи да му се спротивстават на Хезболах или Израел, што секако не е задача за 2000 лесно вооружени војници на УНИФИЛ. Досега во УНИФИЛ загинале 250 луѓе. Доколку тие се впуштат и во отворени борби, војниците би биле изложени на уште поголема опасност. За тоа треба да бидат свесни и оние кои се залагаат за нивниот ангажман. Тие би требало да знаат и дека ангажман ќе се бара од оние кои најгласно го заговараат.

Што се однесува до Германија, укажувањата на посебниот однос кој таа го има кон Израел не може да сфати само како изговор туку и како обврска, во случај да редот и мирот да мора да се спроведат со силно вооружени меѓународни трупи.