1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Може ли Заев да го порази Груевски на предвремени избори?

Ќе брза ли Груевски да го нокаутира Заев или сепак ќе ја чека наредната пролет за прв изборен мегдан со него на претседателските избори? Аналитичарите сметаат дека “новиот“ СДСМ уште одреден период ќе биде ранлив

Очекуваниот неуспех на самитот на ЕУ ја вжешти дебатата околу евентуални предвремени парламентарни избори во Македонија. Во јавноста се` погласно се шпекулира и заговара опцијата за избори до крајот на годинава, или најдоцна напролет паралелно со редовните претседателски. Ваквото сценарио според аналитичарите е многу веројатно, а според дел од нив дури и поволно за власта во услови кога СДСМ е во фаза на реорганизација, а на политичката сцена се најавуваат и нови субјекти:

„СДСМ е во фаза на реформирање и за да се реформира и да стане сериозна политичка конкуренција на владеачката ВМРО ДПМНЕ ќе и треба малку повеќе време. Мора да се има во предвид дека новиот лидер на СДСМ во овој момент има сериозна конкуренција и од своите некогашни сопартијци Бучковски и Јакимовски кои веќе се во фаза на формирање на нови политички субјекти и сите атакуваат на исто гласачко тело. Во меѓувреме односите помеѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ стануваат се позатегнати иако не и критични. Како што сега стојат работите мислам дека на ВМРО ДПМНЕ највеќе и одговара да има предвремени парламентарни избори на кои би однела убедлива победа. Мојата претпоставка е дека во една ваква ситуација можно е да освојат и до 70-тина пратенички мандати. Распишувањето на вонредни парламентарни избори и победата на нив ќе озозможи постабилно парламентарно мнозинство на ВМРО ДПМНЕ со што имаат можност да ги избегнат и елиминираат постојаните уцени, закани и притисоци од страна на ДУИ. На распишувањето на нови предвремени парламентарни избори во ситуација кога опозицијата е обезглавена неорганизирана и дезориентирана никој не смее да гледа како на ,,кукавички избори" поради фактот што основна цел на секоја политичка партија е да дојде

Mazedonien Zoran Zaev Präsident der oppositionellen Partei SDSM

Зоран Заев

на власт и што е можно повеќе да ја задржи власта“, смета универзитетскиот професор Јове Кекеновски.

Мали шанси за опозицијата

Брзите предвремени парламентарни избори според аналитичарот Петар Арсовски ќе бидат тежок предизвик за СДСМ. Но ако има избори според него е поважно тие да се одржат во согласност со сите демократски принципи и стандарди:

„За СДСМ наредниот период секако ќе биде полн со предизвици. Од една страна, тие се обидуваат да создадат нова приказна, но притоа да го задржат и стариот политички капитал. Од друга страна, можноста за избори наесен, па дури и заедно со претседателските догодина нема да ги дочека целосно подготвени, бидејќи за таков ребрендинг за каков станува збор во СДСМ потребни се една до две години. Но најважно од се е што без целосно прочистен избирачки список, целосна примена на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и јасна политичка волја од страна на организаторот на тие избори за истите да поминат во различна атмосфера одошто последите избори на пример во Центар, таквите избори би биле нефер и без еднакви шанси за борба на политичката понуда. Во такво сценарио, предизвиците за СДСМ само би се зголемиле, а нивните шанси само би се намалиле“, коментира Арсовски.

ДУИ против предвремени избори

Предвремените парламентарни избори според аналитичарот Алберт Муслиу во

Ali Ahmeti Vorsitzender der BDI Partie DUI

Али Ахмети

моментов не би биле поволна опција за СДСМ. Во овие услови сепак тој не очекува дека тие и ќе се случат:

„Не верувам дека наесен би се одржале предвремени парламентарни избори, но доколку такво нешто се случи тогаш во секој случај во СДСМ ќе имаат проблем да бидат сериозно конкурентни. Прерано е за да можат сериозно да се подготват, не велам дека и наредната пролет ќе им одговара како термин, но реално за да застанат на цврсти нозе со јасни визии и ставови им треба време, пред се за да ја добијат довербата на оние неопределените. Зашто битката е тука, да се добие или во случајот со СДСМ врати довербата на оние што се над традиционално околу 200 илјади гласачи. Сепак доколку наесен се случат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи но мислам дека тоа нема да биде морална победа врз СДСМ со оглед на реформирањето во партијата. А за да се случат предвремени избори мислам дека е потребна и согласност од ДУИ, што во моментов сметам дека отсуствува“, смета Муслиу. СДСМ досега на двапати не успеа да го порази ВМРО ДПМНЕ на предвремени парламентарни избори. Во 2008 под водство на Радмила Шеќеринска, три години подоцна на чело со Бранко Црвенковски. Предизвикот сега е пред Зоран Заев, кој во меѓувреме го презеде кормилото на најголемата опозициска партија.