1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Може ли ЕУ „пријателски“ да ја притисне Грција во спорот за името?

За ЕУ приоритет е финансиската криза. За Македонија, пак, деблокирањето на пристапните преговори. Може ли ЕУ да притисне врз Грција? Неколку идеи имаа учесниците на конференцијата „Солидарност и сила - иднината на ЕУ“.

default

Иако проширувањето на ЕУ реално е на спореден колосек, прашање е до кога може Грција да си дозволи блокада на македонското интегрирање во ЕУ?
„Се надевам не уште долго! Верувам дека ова беше основна грешка на ЕУ - пристапните преговори со Македонија да се врзуваат за името. Силно се залагам преговорите да старуваат сега, зашто не може да бидат зависни само од гласот на една држава. Грција има свои интереси и ова нема ништо заедничко со критериумите што ги поставува ЕУ. Македонија си ги исполни задачите. За мене е голема фрустрација што преговорите се’ уште не се отвораат. Резултат на ова е назадување на Македонија, место чекорење нанапред“, изјави за Дојче веле Јоост Лагендијк, поранешен европратеник на холандските Зелени и сега советник во Политичкиот центар на Сабанчи Универзитетот од Инстанбул. Лагендијк е на мислење дека мора да се изврши промена во однос на донесувањето на одлуките во ЕУ со што би се одбегнале

Mazedonien Erweiterung EU

Членките на ЕУ кои плаќаат, може да ја условат Грција, смета Јоост Лагендијк

блокадите од ваков тип.
„Тоа значи дека одлуките нема да се донесуваат едногласно, туку со мнозинство гласови. Искуството на Македонија со Грција е добар пример дека во иднина нема да може да се смета на традиционалната едногласност“, коментира Лагендијк забележувајќи дека новата регулатива сега многу нема да и‘ помогне на Македонија, зашто до нејзиното усвојување можеби ќе минат 5 до 10 години. Што може тогаш ургентно да ги деблокира пристапни преговори?

На потег се членките на ЕУ

„Заради финансиската криза, Грците се сега зависни од ЕУ. Сметам дека сега треба да им се каже: ќе ви помогнеме, тоа е и во наш интерес, но еден од условите е да го отстраните отпорот против македонскиот прием во ЕУ“, дополнува Лагендијк.
Но кој може реално ова да им го каже на Грците?
„Сите останати 26 членки. Сите и‘ даваат пари на Грција и тоа би можеле да го условат. Секако, доколку има политичка волја“, прецизира Лагендијк.

И Рајндер Штенблок, поранешен министер и пратеник во Бундестагот, а сега координатор на експертската комисија за ЕУ на фондацијата Хајнрик Бел, е категоричен дека станува збор за апсурден спор кој никој во Европа не го оправдува. За притисокот на ЕУ врз Грција во овие недели Штенблок е воздржан:
„Не е едноставно во овој финансиски пакет, во кој многу работи се врзани, на Грција да и’ се каже да биде покоопереативна и да се повлече во однос со името со Македонија. Јас би бил внимателен во поврзувањето на едното со

Mazedonien Erweiterung EU

Европските влади се советувани да и‘ кажат на Грција дека нејзината позиција е неодржлива, Рајндер Штенблок

другото. Од друга страна верувам дека сите европски влади добро се советувани на Грција јасно да и‘ кажат дека ваквата позиција во однос на спорот за името е неодржлива“.

Разговори зад затворени врати

Дали во конкретниов момент Германија може да направи повеќе за Македонија?
„Верувам дека Германија има толкаво влијание во Европа што и за ова прашање јасно може да каже дека спорот не смее да го спречи интегрирањето на Европа. Значи: мора да се поместат Грците, а не Македонците! Од она што го слушнав од Министерството за надворешни работи, вече имало редица разговори во оваа насока. Се надевам дека со оглед на ситуацијата со која се соочуваат, Грците ќе станат малку поразумни“, коментира Рајндер Штеенблок за Дојче веле.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Ж.Ацеска

DW.COM