1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Може ли да се спаси Грција?

Грција заостанува со реформите и бара повеќе време за нивно спроведување. Од Берлин се испраќаат сигнали дека нови политички преговори за грчката прогрема за штедење нема да има. Неделава доаѓа меѓународната „Тројка“.

„Тројката ќе дојде за да остане“, пишуваат грчките весници. Со други зборови, овојпат контролорите на ЕУ, ММФ и ЕЦБ прецизно и непоштедно ќе ги секцираат грчките реформи. Политичката класа во Атина досега преспа по некоја реформа или, пак, ги одложуваше поради долгата изборна кампања. Сега Tројката треба недвосмислено да се изјазни, и тоа токму со една лабилна коалициона влада, која настапува со цел повторно да се преговара за програмата за штедење или барем за роковите за нејзиното спроведување.

Пред се’ даночните олеснувања за лицата со помали примања и средната класа би требале повторно да се стават на маса. И тоа може да се реалзиира, смета Василис Коркидис, претседател на грчкиот Сојуз на трговски претпријатија.

Vassilis Korkidis / Griechenland / Verband der Handelsunternehmen ESEE

Василис Коркидис, претседател на грчкиот Сојуз на трговски претпријатија

„Тројката постаува цели за штедење, но нивното реализирање во голем дел ни го препушта нам. Ние би можеле преку алтернативни мерки да ги постигнеме истите цели за штедење, без да мора постојано да ги покачуваме даноците и давачките“, нагласува Коркидис.

Структурни реформи наместо кратење на платите?

Според грчките медиуми, меѓународната Тројка била согласна владата во Атина да преземе структурни реформи и да ги зголеми давачките на богатите, наместо да ги крати платите и да ги покачува даноците. Министерот за финансии Јанис Стурнарас веќе води разговори со своите колеги министри за кратење на буџетот за единаесет милијарди евра.

Се зборува и за поедноставување на даночниот систем, приватизација како и стимуланси за средните претпријатија. За тоа е крајно време подвлекува Коркидис.

„Постојано слушаме - средните претпријатија се потпората на нашата економија, но во реалноста ние сме само ’рбетот на нашиот даночен систем. Еден поедноставен даночен систем би бил вистинскиот чекор во вистинската насока“.

Ќе има ли нови преговори?

Вознемиреност во Грција внесе извештај на германскиот неделник „Дер Шпигел“, според кој последната помош од Европа за високо задолжената држава би можела да биде веќе во септември, по што би се допуштило Грција да банркотира. Водечки грчки претставници на медиумите, како Јоргос Папос од атинската ТВ станица МЕГА, демантираат: „Во однос на ова прашање грчкиот министер за финансии е во контакт со водечки претставници од Меѓународниот монетарен фонд. Тие му одговорија дека извештајот на ’Шпигел’ не е точен“.

Alexis Tsipras

Алексис Ципрас бара преговори за излез од грчката криза, а во спротивно предупредува од распад на ЕУ

Се очекува в петок Тројката да се сретне со новиот грчки премиер Андонис Самарас. И покрај тоа што шефот на конзервативната партија Неа Демократија за време на изборната кампања навестуваше нови преговори, сега зборува за „дополнителни подобрувања“ или „временско оддолжување“ на програмата за штедење.

Спроед мислењето на експертите на овој начин водачот на левичарската опозиција Алексис Ципрас ќе добие нови приврзаници. Тој бара нови преговори на политичко ниво. Како тоа го замислува Ципрас појасни изминатиов викенд на една манифестација на Европските левичари во северна Грција.

„Ќе отидеме на самит на ЕУ и ќе кажеме: луѓе, ставете ги вашите пенкала на страна ние едноставно нема да ја спроведуваме политиката на штедење. И, потоа ќе кажеме: или денес ќе ја распуштите Европа, или ќе останете во просторијава и ќе преговараме три, четири денови ако мора, за да најдеме излез“.