1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Може ли да се преговара со екстремисти?

Aвганистанскиот претседателот Хамид Карзаи и понатаму врши притисок за преговори со талибанските бунтовници. Какви структури се кријат зад овој општ термин, со кој се означуваат бунтовниците?

default

Порано непријатели, сега треба да бидат сојузници

И западните земји ангажирани во Авганистан се залагаат за преговори со талибанците. Американската администрација дури не гледа алтернатива за таквиот процес. При тоа се поставува суштинското прашање: може ли воопшто да се преговара со талибанците? Во потрага по одговори на ова прашање, викендов дебатираа експерти од Германија и тоа во организација на Евангелската академија за регионот Рајнланд.

Воведното прашање во јавната расправа меѓу познавачите на авганистанските прилики гласеше: кои се воопшто талибанците? Какви структури се кријат зад овој општ термин, со кој се означуваат бунтовниците против кои се борат војниците од НАТО земјите? Со овие прашања интензивно се занимаваат во последно време и експертите и разузнавачките служби на земјите кои учествуваат во меѓународната воена мисија за Авганистан. Флоријан Брошк, експерт за исламски прашања при Универзитетот во Бон, во повеќе наврати престојувал во регионите на Кундус и Фајзабад, во обидот да открие кој, зошто и како му се приклучува на вооружениот отпор против западните сили во Авганистан:

Flash-Galerie Stimmung in Afghanistan

Како се станува талибанец?

„Голем проблем е тоа што има разни нивоа на талибанизација, така да кажам. Тоа е решавачкиот проблем. Суштинската промена во таа насока се случува кај населението пред да почне да се бори активно против странските сили. Тогаш локалното население не разговара повеќе со нас, дијалогот е прекинат, што значи дека талибанците пуштиле толку длабоки корења во населението, што тоа веќе не ни дава никакви информации. Тоа знае дека ние доаѓаме и си заминуваме, а талибанците остануваат. Порано теоретичарите овој феномен го нарекуваа битка околу молчењето на населението. Германската армија меѓутоа воопшто не се занимава со тоа прашање, не го смета за нејзина задача...“

Во таков случај сите капацитети на прислушните апарати и на инфилтрирањето тајни агенти не помага ништо, бидејќи воените експерти не знаат како се регрутираат талибанските сили, појаснува Флоријан Брошк од Бон.

Конфликт со традиционалните структури на моќ

Тилман Шмалцрид од Друштвото за загрозени народи смета дека на германските војници поголеми проблеми им причинуваат т.н. ворлордс или водечки личности со големо влијание кај населението, кои се во состојба да го придвижат кон оружена борба.

Taliban in Afghanistan

Кога населението посега по оружје, тоа е знак за неуспех на политиката

„Лидерите на паштунските племиња им се приклучуваат на талибанците, бидејќи странците не се на нивна страна. Германскиот Бундесвер не презема ништо против најтешки кршења на човекови права во Авганистан, туку ги игнорира. Тоа значи дека населението автоматски оди кај оние, кои му нудат помош - а тоа се во овој случај талибанците!“

Туѓинци во непозната земја

Ваквиот пристап меѓутоа има и свое оправдување, смета експертот Флоријан Боршк од Бон: „Мислам дека тоа е дилема со која Бундесверот беше соочен од самиот почеток, имено фактот што нашите војници одат во туѓа земја, каде не го познаваат ни јазикот, ни културата. Тие дури не знаат ни со кого да бараат контакт за на тој начин да добијат колку-толку објективни информации. Во таквата туѓа средина воопшто не беше мудро да се нарушуваат постојните племенски структури на моќ и да се креира конфликт со моќните лидери на племињата...“

Во секој случај, воените експерти од Германија и другите западни земји во меѓувреме вложуваат големи напори да го надокнадат ваквиот недостаток и се фокусираат на анализа на луѓето, менталитетот и навиките на населението во Авганистан. Од тоа колку ќе имаат успех во тоа и дали не е веќе доцна за таквиот пристап веројатно ќе зависи и дологорочниот успех на меѓународната воена мисија во Авганистан.

Автор: Мартин Гернер/ Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска