1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Можен ли е азил за Сноуден во Германија?

Едвард Сноуден вели дека е подготвен да биде испрашуван во Германија за НСА скандалот. Но, прашањето е дали е од правен аспект можно тој да добие азил во земјата.

Во разговорот со парламентарецот од редовите на Зелените, Ханс Кристијан Штребеле и со новинарот на Зидојче цајтунг, Џон Гец, минатата недела во Русија, Едвард Сноуден јасно укажа дека е заинтересиран да сведочи за скандалот со прислушкувањето на американската НСА пред истражна комисија на германскиот парламент. Дури тоа го потврди и написмено, во изјава која му ја предал на Штребеле.

Со тоа, она што до пред една недела се чинеше како далечна теоретска можност, одеднаш зеде конкретен облик. Но, доколку Сноуден одлучи да сведочи во Германија, тој ќе го загуби азилантскиот статус кој го ужива во Русија. За бројни германските политичари, заклучокот е едноставен: да му се даде политички азил во Германија.

За да се стори тоа ќе треба да се заобиколи билатералниот договор за екстрадиција меѓу САД и земјите-членки на ЕУ. Германската научна мисла смета оти тоа е можно доколку лицето е прогонувано поради „прекршок од политичка

Bundesparteitag Bündnis 90/Die Grünen in Berlin Claudia Roth

Клаудија Рот

природа“, и тоа може да се примени токму на Сноуден.

Клаудија Рот е потпретседател на долниот дом на парламентот од редовите на Зелените, и таа вели дека американскиот бегалец треба да биде примен во земјата.

„Сметаме дека ќе биде добар сигнал доколку на Сноуден му се дадат безбедносни гаранции во Германија, и доколку тука сведочи“. Поддршката за доделување азил на Сноуден не е голема само меѓу политичарите, туку и меѓу познатите личности од сите сфери во Германија. 50 познати Германци се изјаснија за азил за Сноуден на страниците на магазинот Шпигл.

Подобро во Русија

Но, Сноуден е Американец. Неговиот прием во Германија не би претставувал само прекршување на договорот за екстрадиција, туку и дипломатски скандал. Како и што се очекуваше, германската канцеларка Ангела Меркел не се изјаснува на оваа тема. Но, Михаел Гросе Бремер, парламентарен секретар на партијата на Меркел, ЦДУ, вели дека би било подобро Сноуден да сведочи од Русија, отколку да добие азил.

„Тој не е гонет заради политичко убедување, туку поради криминал. Затоа е мудро тој да биде испитан во Русија“, вели Бремер.

Michael Grosse-Brömer CDU Bundestagsabgeordneter

Михаел Гросе Бремер

Викендов, официјален Кремљ соопшти дека Сноуден има слобода да разговара со кого сака. Вклучително и да одговара на прашања на германскиот јавен обвинител, во рамките на барање за правна соработка. Од германското министерство за внатрешни работи беше сугерирано дека Сноуден би можел да сведочи и преку видео врска.

Клаудија Рот смета дека би било перверзно да не се испита Сноуден на германска почва од почит за американската чувствителност. Токму да не се покани Сноуден кај нас е провокативно, вели таа. „Монструозниот акт на провокација е фактот дека нашата канцеларка била прислушкувана од НСА, и дека опозициски политичари биле под постојан надзор“.

Гостопримството за Сноуден во Германија би било политички ризично, но правно може да се оправда. Прашањето е само кој би имал поголем интерес од тоа: Германија или Сноуден?