1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Можен е нов предлог на Нимиц

На разговорите за името што на 11 септември треба да се одржат во Њујорк со посредство на медијаторот на ОН, можно е Метју Нимиц на Македонија и Грција да им даде нов предлог за решение на спорот.

default

Бранко Црвенковски не очекува пренесување на решавањето на спорот со името во ОН во овој момент

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, денеска (10.09.2008) изјави дека не е сигурен, но дека е можно Метју Нимиц на преговарачите на двете земји да им презентира конкретен предлог за решение на спорот со името. Според Црвенковски, на вчерашната средба на државниот врв на која се усогласуваа ставовите пред средбата во Њујорк, не станало збор за двојната формула. „Сметам дека нејзинот актуелизирање во одмината фаза во која се наоѓаат сега преговорите, не значи обид за поттикнување на преговорите, туку за опструирање“, изјави Црвенковски во Охрид.

Македонскиот премиер, Никола Груевски, исто така потврди дека Македонија е во очекување на нови идеи и предлози. Во меѓувреме, Новата социјалдемократска партија во македонскиот парламент денеска ја достави Предлог резолуцијата за решавање на спорот за името со Грција. Се бара резолуцијата да биде разгледана на првата наредна седница на собранието, за да се изгради, како што нагласи лидерот на НСДП, Тито Пектовски „државна стратегија“ за успешно решение на проблемот.

DW.COM