1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Можат ли Германците да ја сфатат балканската самоиронија?

Сатиричниот филм на Борис Митиќ кој го претставува српскиот црн хумот во последниве децении беше претставен во Берлин. Иако во филмот Србите се шегуваат на сопствена сметка многу германски гледачи го сфатија трагично.

default

Плакатот за филмот „Довидување, како сте“

„Довидување, како сте“ е називот на документарниот филм на режисерот Борис Митиќ, заснован на црн хумор и народни афоризми настанати во изминатите 40 години на српската историја. Филмот деновиве беше прикажан во Берлин

„ Има така еден министер , го знаеме пријателите и јас уште кога блеевме пред драгстор. Тогаш се натпреварувавме кој ќе отвори пиво со заби. А сега , сега тој има повеќе златни заби, отколку сите ние заедно здрави“

На документарниот филм „Довидување , како сте“, режисерот Борис Митиќ работел речиси две години, собирајќи афоризми и снимајќи луѓе низ Србија, Косово и Република Српска. Целта му била да направи свеовидна репортажа за српскиот црн хумор преку афоризми, користејќи и нарација на актерот Небојша Глоговац.

„Јас во овој филм намерно користев голем број такви стереотипи, но сметам дека тие со самата сила на тој хумор и квалитетот на тој сатиричен коментар дотолку повеќе губат смисла“

Погрешна слика

Откако фимот беше прикажан пред берлинската публика, следуваа и првите реакции. Амбасадорот на Србија во Берлин, Иво Висковиќ смета дека филмот за гледачите во Србија е многу позанимлив и смешен отколку за оние во странство“

„Тоа за жал се толкува како типичен облик на живот во Србија, а не како потсмевање со нашите слабости, особено нашиот примитивизам. Во тој случај се плашам дека некој може да стекне погрешна слика дека тоа е типична Србија“

Film Goodbye How Are You von Boric Mitic

Режисерот Борис Митиќ

На германскиот професор по историја на југоисточна Европа, Холм Зундхаузен филмот му оставил депресивен впечаток:

„ Многу сцени во филмот не ја опишуваат само состојбата во Србија, туку такв работи се случуваат и во други земји. Филмот ги прикажува немоќта и безнадежноста на народот , и не ми се допаѓа тоа што нема изјави кои нудат некоја перспектива“ , вели Зундхаузен

Мислењето на публиката е поделено

Берлинчани пак со различни реакции по крајот на проекцијата на филмот:

„Имам впечаток дека тоа соочување со минатото на ироничен начин е типично за многу земји од источноевропскиот регион“

„Иако филмот остава по малку депресивен впечаток, тоа е само еден од начините за објаснување на историјата на Србија и работите што се случувале таму, и не сметам дека филмот ги засилува стереотипите“

„Мене филмот ми се допаѓа затоа што во него предрасудите се користат за истовремено да бидат разбиени. Во воените сцени не се прикажани жртвите и злосторниците, туку смешни и апсурдни сцени, па на тој начин се менува аголот на набљудување“

Филмот „Довидување, како сте“ обиколи пет континенти а прикажан е на 30 фестивали и 10 европски телевизиски канали. На годинешниот германски филмски фестивал „Го Ист“ во Висбаден , филмот на Борис Митиќ беше награден и номиниран меѓу шесте најдобри документарни филмови.

Автор: Селма Филиповиќ/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска