1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Модна недела

Рефлектори, писти и манекени - во Берлин денеска (18.01) почнува меѓународната Модна недела, на која голем број дизајнери ги презентираат трендовите за сезоната 2011/2012.

default

На модните шоуа - љубители на модата, купувачи, стручњаци и претставници на медиумите. „Срцето“ на Модната недела во Берлин се ревиите Мерцедес Бенц, на кои се претставуваат околу 40-тина дизајнери, меѓу кои и Рена Ланге, Михаел Михалски, Анја Гокел... Според организаторите, во официјалната програма учествуваат околу 30 дизајнери, а целата Модна недела опфаќа околу 120 манифестации. Покрај модните ревии, ќе се одржат и неколку саеми на модата: „Премиум“, каде ќе бидат прикажани луксузни и авангардни производи, потоа „5 елементи“, во чиј фокус е долната облека, „Бред енд Батр“ за урбана облека и „Брајт“ за спортска облека. Освен тоа, Берлин за време на Модната недела ја прикажува и „зелената модна страна“ на многу модни куќи и дизајнери, на кои ќе може да се види еко-мода.

Автор: ЕМФ/ЖА/дапд

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска