1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Модерни робови

УНИЦЕФ проценува дека секоја година ширум светот околу 1,2 милиони деца се користат како робови. Од година во година оваа бројка драстично расте. Романија е европска земја во која трговијата со мали деца е најраширена.

default

Понекогаш родителите или роднините ги продаваат своите деца

Кога Романија во 2007 година беше примена во европското семејство, голем број граѓани побараа нови можности за да заработат од другата страна на границата, а нивните деца едноставно ги оставија сами дома. Романката Елена Тимофтициус точно знае како се чувствуваат децата во оваа тешка ситуација. Таа работи во екуменското здружение за помош „АИДРОМ“ во Букурешт:

„Статистиката покажува дека на крајот на 2007 година биле регистрирани 100.000 малолетни деца, кои биле оставени од нивните родители дома или пак кај роднини или соседи. Родителите заминале на работа во странство“. Овие деца се потенцијален плен за бескруполозните трговци со луѓе, кои ги мамат со лажни ветувања:

„Познати ни се повеќе случаи во кои трговците ги принудуваат децата да питаат. Криминалците ги лажат родителите дека децата ќе ги носат во кампови во странство. Наместо тоа, тие ги продаваат или експлоатираат. Најчесто како питачи или пак домашни помошнички во некои домаќинства. Ги држат децата како заробеници и ги принудуваат на работа. Има и такви случаи каде децата едноставно се киднапирани“ - објаснува Елена. Понекогаш самите родители или роднини ги продаваат децата. Од таа причина, во Романија државата, црквата и здруженијата се залагаат за разјаснување и превенција на проблемот. Во февруари минатата година романската влада стартуваше кампања ширум земјата под мотото: „Оставете им го на децата нивното детство“.

Невладините организации директно им се обратија на децата на тој начин што преку театарски претстави им го претставија секојдневието на децата жртви.

Иницирање на проблемот и во другите земји

Иницијативи како оваа во Романија речиси и да нема во останатите земји на Европа. Католичката хуманитарна организација Каритас и други партнерски организации сакаат да го сменат тоа. Тие го мобилизираат цивилното население и го информираат за вистинскиот размер на кривичното дело. Женевјев Кола од Кариатас во Франција, одговорна за човековите права вели:

„Ние сакаме да им се обратиме на европските институции. Советот на Европа на пример во мај 2005- та година донесе Конвенција против трговијата со луѓе. Затоа е неопходно сите европски држави да го ратификуваат овој договор и да почнат да го спроведуваат. Во моментов се работи на контролен механизам, којшто ќе проверува дали сите земји се приддржуваат до договореното. Тоа мораме итно да го направиме“.

Советот на Европа направи кампања со плакати

Kinderhandel

Трговијата со деца е најголема во Југоисточна Европа

На плакатите во кампањата која ја организира Советот на Европа е претставена фотографија, на која е прикажано мало девојче, а фотографијата е завиткана во целофан, како да е производ што се продава во продавница. На пакетчето стои: „Човекот не се продава“.

Конвенцијата следи три цели: да ја спречи трговијата со деца, да се заштитат човековите права на жртвите и да се следат трговците со луѓе.

Во сите 46 земји има трговија со деца

Бизнисот започна и се разви во земјите на Југоисточна Европа, каде всушност има најмногу сиромаштија. Потоа, децата ги експлоатираат во западните и богати држави, а трговците ги ставаат како питачи во париското метро, или како крадци на познатите булевари во Берлин или проститутки по сокаците во Рим.

Според, европарламентарката Едит Бауер, европските политичари со самиот факт што го отежнуваат доселувањето на евтина работна сила во Европската унија, само повеќе ја поттикнуваат трговијата со робови. Таа за Европскиот парламент има изготвено извештај околу трговијата со луѓе.

Трговијата со луѓе се наоѓа на трето место на криминални активности

Bukarest, Parlamentsgebäude

Владата во Букурешт се залага за разјаснување и превенција на проблемот

Трговијата со луѓе следи веднаш по трговијата со дрога и оружје. Меѓутоа, можно е трговијата со луѓе во меѓувреме да се најде и на второ место, бидејќи важи за бизнис со мал ризик и голема добивка“, објаснува европарламентарката Бауер, која полага голема надеж во една шведска иницијатива. Имено, владата во Стокхолм формираше државен секретаријат, кој има за цел да ја спречи трговијата со луѓе. Ова, според Бауер и експертите, е прв чекор за подобра заштита на жртвите.

Со цел да ја разбуди свеста кај политичарите и цивилното општество, романската активистка Елена Тимофтициус сонува за кампања што ќе биде распространета ширум Европа, а со која јавноста ќе се запознае со суштината на проблемот:

„Сеедно од каде доаѓаат нашите деца. Тие и припаѓаат на Европа и тие се нејзината иднината“.