1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Моден магазин за жени со шамија во Турција

Првиот моден магазин, во кој во центарот на вниманието ќе биде шамијата, се вика „Ала“. За фото-сесијата девојките, модели, треба да носат шамија. Ова е сосема ново во Турција.

***ACHTUNG: Bild nur zur Berichterstattung über die Zeitschrift Ala verwenden!!!*** Bildtitel: Cover der Zeitschrift Ala Bildbeschreibung: Die neue türkische Frauenzeitschrift Ala. Herkunft: Website der Zeitschrift Ala (www.aladergi.com)

Насловната страница на магазинот „Ала“

„Долго време во Турција на жените со шамија се гледаше со понижување, едноставно бевме игнорирани. Имаше толку многу различни магазини, но за нас ништо не стоеше во нив. Сега сакаме да го смениме тоа“, објаснува Есра Сезис, главен уредник во „Ала“.

Темите мода, кариера, здравје и вера го направија списанието „Ала“ за само неколку месеци најпопуларен моден магазин во Турција, исто како светски познатите „Вог“ и „Ел“. На Фејсбук-страницата редакцијата на „Ала“ има околу 100.000 фанови. Истанбул е град на контрастите. Повеќе од половината од Турчинките носат шамија, па сепак, во модерните делови на градот шамијата долго време не можеше да се види. Овде жените се ориентираат кон западниот животен стил и модните трендови. „Јас го одбивам носењето шамија. Но, ги почитувам жените кои ја носат. Конечно, ние живееме во една демократска земја и тоа е нивно право“, вели една Турчинка.

Брз развој на општеството

***ACHTUNG: Bild nur zur Berichterstattung über die Zeitschrift Ala verwenden!!!*** Bildtitel: Cover der Zeitschrift Ala Bildbeschreibung: Die neue türkische Frauenzeitschrift Ala. Herkunft: Website der Zeitschrift Ala (www.aladergi.com)

Најнова мода за турските жени со шамија

„Доколку жените сакаат по секоја цена да носат шамија, тогаш сметам дека е добро да водат повеќе грижа за модата и нивниот изглед. Од тоа ќе профитираат сите“, вели друга жена.

Турското стопанство цути, а тоа е успех за конзервативно-религиозната влада. Нејзините избирачи денес претставуваат еден дел од богатата елита во земјата. Набљудувачите во новиот магазин „Ала“ го гледаат развојот на општеството. Читателките ја претставуваат новата муслиманска буржоазија. „Во изминативе 25 години голем број конзервативно-религиозни луѓе се преселија од село во град. Тие станаа мобилни и сега се дел од урбаната средна и висока класа во земјата. Нивните жени и ќерки работат, студираат на универзитетите или пак, се домаќинки“, објаснува Нилуфер Нарли од универзитетот Бахчесехир во Истанбул.

Да носиш шамија и сепак да припаѓаш кон т.н. џет-сет - ова е концептот на магазинот „Ала“

Од читателките ова е сосема добро прифатено: „Ваквите списанија им покажуваат на младите девојки дека не треба да ја исклучат комбинацијата моден шик и верска облека. Тоа им ја олеснува одлуката да носат шамија“, вели една од вработените во магазинот.

Меѓутоа, строгите верници во земјата го критикуваат постоењето на магазинот „Ала“. Новинарот Исан Еличик ги нарече читателките новобогаташки, кои со нивниот луксузен животен стил, вршат предавство на исламските вредности. „За мене нема никаква разлика меѓу модна ревија за бикини или за шамија. Во двата случаи се работи за тоа жените да и‘ се презентираат на јавноста. Мислам дека е доволно облеката само да се стави во излог“, критикува новинарот Исан.

Облека по најнова мода, но со шамија на главата

Muslima mit Kopftuch in Berlin. #25609112 Fotolia/Mumpitz

Шамиите „Ала“ ги продава како моден детал, а не како религиозен симбол

Во магазинот „Ала“ има претставено фармерки, шминка и чевли со високи потпетици, меѓутоа моделите не смеат да бидат без шамија. За младата одговорна уредничка на магазинот, која од нејзината 14-та година доброволно носи шамија, шамиите се прогресивни: „Првите дами на Турција денес носат шамија. Тоа досега го немаше. Жените со шамии денес ги има насекаде. Прифатени сме од општеството. Затоа сега, во нашиот магазин сакаме да им покажеме на жените како можат да направат уште нешто подобро од нивниот живот. Како да се биде шик и возбудлив, а шамијата притоа да не претставува никаков проблем“, вели Есра Сезис.

Младите творци на магазинот жонглираат со традицијата и трендовите и притоа провоцираат. Тие ги продаваат шамиите не како религиозни симболи, туку како моден детал.

Автор: Гунар Кене / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Ж.Ацеска