1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Модел на одговорно менаџирање

Врвните германски претприемачи сакаат да ја вратат изгубената доверба преку „самообврзување кон одговорно менаџирање во стопанството“, заради што потпишаа и документ во кој е утврден Модел за одговорно менаџирање.

default

Меѓу потписниците на документот од 25.11.2010 со кој се утврдува Модел за одговорно менаџирање се најдоа: директорот на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, директорот на „Дојче телеком“, Рене Оберман, претседателот на Управниот одбор на БАСФ, Јирген Хамбрехт и директорот на „Дојче банк“, Јозеф Акерман. Предводник на иницијативата беше поранешниот претседател на Надзорниот одбор на БАСФ, Јирген Штрубе.

Претседателот на Управниот одбор на хемискиот гигант БАСФ, Јирген Хамбрехт, на презентацијата на документот во Берлин констатира: „Довербата е основа без која нашата економија не би можела да функционира долгорочно“. Според него, зголемената недоверба на граѓаните во политиката и економијата е „знак дека нешто во Германија не функционира како што треба.

BASF plant Übernahme von Engelhard Jürgen Hambrecht

Шефот на БАСФ, Јирген Хамбрехт, вели дека менаџерите мора да покажат храброст во одговорното раководење

Токму затоа, од нас како водечка сила се бара да покажеме храброст и да расправаме за оваа тема“, истакна Хамбрехт.

Неприфалива е добивката која е стекната со прекршување на основните морални норми

Менаџерите во себе гледаат предводници кои во духот на социјалната пазарна економија се ориентираат кон успех т.е. профит, но и кон запазување одредени вредности. Така, на презентацијата беше кажано дека „услугите и противуслугите мора да бидат разбирливи. Одговорното менаџирање на една компанија подразбира дека резот во финансиите подеднакво се одразуваат и врз вработените и врз раководните лица.“

Менаџерите своите ставови обединети под мотото „Добивка и морал“ ги образложија на следниов начин: „Добивката е признание за резултатите од работата на претпријатието и предуслов за неговото постоење“. Според нив, одговорното менаџирање значи „да се стигне до профит преку работење кое не ја потценува, туку унапредува довербата во пазарната економија и во самата компанија“. Неприфатлива е добивка остварена преку прекршување важечки правила и стандарди, како на пример преку експлоатација, уништување на животната средина, корупција и нарушување на конкуренцијата на пазарот.

Пазарот и моралот не се противречни

По потпишувањето на документот, Хамбрехт за Втората програма на германскиот јавен сервис изјави: „Нормално е што во јавноста почесто се зборува за негативните примери во претприемништвото; за успешните луѓе многу малку се знае. Токму затоа успешните се обединија со потпишувањето на овој документ кој верувам, ќе изврши влијание.“

Deutsche Bank - Josef Ackermann

За Јозеф Акерман, директор на „Дојче банк“, остварувањето профит оди под рака со вредностите на одговорното менаџирање

Директорот на „Дојче банк“, Јозеф Акерман на презентацијата, меѓу другото, истакна: „Со Моделот на одговорно менаџирање сакаме да покажеме дека пазарот и моралот не се противречности во областа на финансиите. Остварувањето профит и запазувањето одредени вредности на менаџирањето одат едно со друго.“

За експертот по етика во економијата, Улрих Тилеман, тоа не е доволно: „Потребно е и дополнително политичко регулирање на светско ниво, со цел претпријатијата да не добијат целосен пристап до капиталот. Во спротивно би настанало чисто профитерство каде одговорното работење е апстрактна именка.“

Автор: Моника Гуарино/ Далибор Стајиќ

Редактор: Симе Недевски