1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Модата полека ги обзема Германците

Германците сѐ повеќе развиваат чувство за мода. Досега тие се сметаа за нација која не се интересира многу за модата, но тоа полека станува минато. За новите модни трендови тие се информираат и преку блогови и книги.

Модата е подложна на брзи промени. Она што е денес „аут“, веќе утре може да биде повторно модерно - или обратно.

„Стилот е израз на страст, навистина. Настапот е одраз на сопствената личност.“

„Во принцип ми е важно да се чувствувам пријатно“.

„Како жена се обидуваш преку модата малку да ги истакнеш предностите“.

„Има некои работи, кои не би требало да ги носам, но сепак ги носев, бидејќи беше кул.“

Zwei Freundinnen beim Shoppen in einer Mall

Кога купувањето причинува задоволство....

„Стилот е личен, тој е кул, значи секој треба да облече што сака. Тоа е изразито важно“.

Ана Ајмерл од Берлин секојдневно се занимава со мода. На нејзиниот блог таа пишува за новите трендови и дава совети за стилот. Многу добро и’ е познато, колку е тешко за себе лично да се најде вистинското.

„Речиси секое утро си го мразам орманот и ме мачи мисла дека немам што да облечам, па добивам нападно чувство дека безусловно морам да одам на шопинг. Тоа доаѓа од таму, што постојано има толку многу нови нешта и секогаш мислиш - го немам она што е најактуелно, или пак си заситен од своите алишта. Потоа пребаруваш во шифонерот и - или те фаќа криза, или ќе најдеш нешто“, вели модната блогерка од Берлин

Модни совети доаѓаат и од дизајнерски кругови. Германскиот дизајнер Гидо Марија Кречмер со задоволство ги облекува жените, а своето знаење за модата го објави и во книга. Неговиот стилски прирачник „Привлечна сила“ ги дели жените по типови на фигури - од сосема слаби, до XXL.

Модниот дизајнер и автор на книга Кречмер подвлекува: „Има повеќе типови на фигури, а не само тенки и заоблени. Во моето атеље секогаш имаме толку многу различни жени, со специфична сопствена фигура, кои се мешани типови, и секогаш им давав имиња. Затоа си реков, еднаш ќе ги објавам овие имиња со мали приказни, за жените да видат дека тие се можеби малку од тоа, малку од ова - и дека тоа едно со друго може да биде добро.“

Приказни како „Симпатична штица“ или „Валкири“. За секој тип, дизајнерот во својата книга дава примери.

Italien Fimlfestspiele Venedig Schauspielerin Keira Knightley

Кира Најтли

„Ми се допаѓа Кира Најтли, оти е многу женствена девојка со релативно неженствена фигура. Зошто? Затоа што постојано се обидува, како и со овој фустан, да носи облека, која тоа го нагласува и компензира. Си прави колкови, иако воопшто ги нема. Фустанот е многу добар пример. Види, дури и слаба девојка постојано испробува со својот изглед да добие фигура, зашто можеби сонува за малку колкови“, вели Кречмер, кој дава модни совети и преку ТВ шоу.

Пејачката Адел се вбројува во типовите со XXL фигура.

"Не е проблем ако си поширок - мора разумно да се облечеш, на телото да му се дадат вистински пропорции. Секогаш доволно деколте, потоа, ако е можно, да се создаде струк, градите да се поткренат, да се носи вистинскиот градник, ако треба и мидер. Долниот дел треба да паѓа, за да не се истакнуваат проблематичните зони. Таа е многу повеќе, отколку само една дебела жена; таа е многу талентирана.“

Junges Paar beim Einkaufen

Модата добива на значење во Германија

Прашањето за облеката не е само женски проблем, осозна дизајнерот Томас Рат. Оваа есен се појавува неговата прва машка колекција и истовремено неговиот моден советник за мажи - со најважните прашања за стилот.

И модната блогерка Ана Ајмерл, која го пишува блогот Калинка Калинка, сѐ почесто мажи ја прашуват за моден совет. „Момците се облекуваат сѐ подобро и сакаат да бидат поубаво облечени. Значи, полека му проаѓа времето на она поранешното - хип-хоп, спуштени панталони, скејтерски чевли. Долго време на модата во Германија и’ се придаваше многу површно значење - ако се облекуваш убаво, тогаш си површен и арогантен. Полека таа се прифаќа како еден вид уметничка форма и полека луѓето се подготвени на тоа да кажат: Не, јас не сакам да бидам само функционално облечен, туку сакам и убаво да изгледам.“

Но најважно е, а во тоа се сите убедени, едноставно да се чувствувате пријатно во својата облека.