1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мобилизација на политичарите

Во македонската влада, премиерот Никола Груевски, на лидерите на четирите најголеми парламентарни партии им го соопштува ставот на владата во врска со новите предлози за името на медијаторот, Метју Нимиц.

default

Една од минатите средби на премиерот со лидерите на партиите

„Допрва претстојат тешки и сложени преговори за името“, изјави по средбата со македонскиот премиер, Никола Груевски, лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи. Неговата изјава се поклопува со констатицајата на макеоднскиот преговарач во спорот со името, Никола Димитров, кој денеска рече: „Премногу е сериозно“.

Во Македонија се мобилизираат сите политички актери по последниот предлог од Нимиц. Премиерот веќе разговараше со лидерите на ДПА и ДУИ, Менуд Тачи и Али Ахмети. Следува средбата со лидерот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, а потоа премиерот Груевски ќе се сретне со претседателот, Бранко Црвенковски. Владиниот врв од владеачката ВМРО ДПМНЕ уште синоќа соопшти дека се неприфатливи имињата Република Горна Македонија, Нова Македонија и Република Македонија Скопје. Челникот на ДПА, Мендух Тачи, велејќи дека бил од страна на премиерот официјално запознат со предлозите на Нимиц, изјави: „Мислам дека се тие стари предлози кои неколку пати се одбиени од страна на Македонија. “ Тачи денеска уште соопшти дека неговата партија ја замрзнува одлуката за излегување од владата. По средбата со премиерот, тој беше на разговори кај американската амбасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ. Двете партии на Албанците, ДПА и ДУИ, до неодамна ја поддржуваа политиката за неменување на уставното име. Но, опозициската ДУИ се‘ погласно како приоритет на македонската надворешна политика го форсира приемот во евро-атлантските сојузи. И челникот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со Груевски замина во американската амбасада.

Лидерите на албанскиот блок од Македонија утре заминуваат во Приштина. Тема на разговорите – обележување на границата и признавање на Косово од страна на Македонија. Не е исклучено тоа да биде направено во наредните денови, пред самитото на НАТО. Високи владини и партиски извори велат дека е тоа речиси сигурно.