1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мобилен и покрај парализата

Герд Ремершајд конечно може повторно да вози моторцикл. И тоа и покрај тоа што е парализиран од половината надолу, последица на операција од пред две години.

default

Инвалидската количка е секогаш со Герд Ремершајд. Тоа што сега повторно може да вози низ родната Северна Рајна Вестфалија на својот „Голд Винг“ му дава чувство на слобода:

„Повторно можам да возам каде што сакам и кога сакам. Повторно сум одговорен сам за себе кога сум на пат. Мојот моторцикл ми дава можност повторно да учествувам во јавниот живот“.

По операцијата пред две години паднал „во дупка“ - станал депресивен и само лежел. Сега има нова животна радост, која не можат да му ја одземат ниту помошните тркала на моторциклот. Герд објаснува: „Со помошни тркала возењето е поинакво. Соло-машината може да се наведне во кривина. Тоа вака не е можно, машината останува исправена, но во кривина треба да се притисне на двете страни, така што се добива чувство кое е во извесна мера слично“.

Моторциклот со преправањето станал поширок. Во работилница во Крефелд техничарите го прилагодилет моторциклот на потребите на Герд Ремершајд. Пневматските цилиндри го прават она што вообичаено го прават стапалата. Вклучување и исклучување со копче или активирање на ножната кочница со притисок.

Дури по ваквите преправки можела да биде монтирана конструкцијата за помошните тркала. За механичарите не е проблем да најдат начин за инвалидитетот да не биде пречка. Тие се специјализирани за посебни нарачки. Вили Келтген, кој е механичар во работилницата, вели: „Најголемиот предизвик досега беше лице кое немаше раце, нозе, стапалата беа израснати на колковите, а на рамената имаше два прста. За него го конструиравме Трајкон и тоа беше супер возбудливо. И што е најважно, оттогаш тој вози без да направи сообраќајна несреќа, и покрај тоа што е инвалид, како што е случај всушност со сите наши муштерии“.

Герд Ремершајд го тренирал дома напорното симнување и качување на моторциклот. Постојано, многу пати, од седиштето на моторциклот во инвалидска количка и обратно. Тренингот се исплател.

Инвалидската количка за него е неопходно зло, без кое во секојдневниот живот не може.

„Имам и електрична инвалидска количка со која можам да се движам во поблиската околина. На пример, со нејзе можам да одам на купување, но тоа не може да се спореди со задоволството што го имам со моторциклот.“

Герд Ремершајд има намера со својот „Голд Винг“, кој има шест цилиндри, наредната година да оди на одмор во Шварцвалд, како порано.