1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МНР на Косово: Вандалски чин

Министерството за надворешни работи на Косово го осуди петочниот напад врз македонската амбасада во Приштина.

default

Во соопштението, со кое МНР на Косово го осуди нападот со молотов коктел врз македонската амбасада во Приштина, се нагласува силната определба на државните инситуции на Косово за зацврстување на добрососедството со Макадонија.

„Овој вандалски чин го оценуваме како целосно неприфатлив и на штета на пријателските односи меѓу нашите две држави. Бараме од истражните органи што побрзо да го расветлат случајот и сторителите на овој низок чин да ги изведат пред органите на правдата“, се вели во соопштението на косовското МНР.

Непознати напаѓачи во петокот вечерта (16.03.) фрлија молотов коктел врз објектот на македонската амбасада во Приштина, при што беше причинета помала материјална штета.

Автор:СН/АМ/миа/макфакс

Редактор: Александар Методијев