1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МНР им препорачува на граѓаните на Македонија да не патуваат во Грција

Македонското министерство за надворешни работи денеска им препорача на граѓаните на Македонија да не патуваат во Грција, доколку тоа не е неопходно. Официјална Атина оценува дека Владата во Скопје покажува лошо лице.

default

Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски

Македонското министерство за надворешни работи им советува на граѓаните да се воздржат од патување и подолг престој во поголемите градови во Грција. Преку јавното соопштение МНР им препорачува на граѓаните да бараат безбедни паркинзи и да ги одбегнуваат градските центри каде што во Грција може да бидат организирни протести и немири. Како причина за препораката да не се патува во Грција МНР ги наведе зачестените насилни протести и оружени инциденти во последните месеци, како и десетина случаи на малтретирање на македонски државјани, посебно автопревозници.

Во Скопје денеска никој не сакаше да го коментира соопштението на министерството за надворешни работи на Македонија.

Официјална Атина во реакцијата на одлуката на македонското министерство за надворешни работи да им препорача на македонските граѓани да не патуваат во Грција, доколку тоа не е неопходно, истакна дека владата во Скопје неуморно го покажува своето лошо лице со што им нанесува штети на односите меѓу двете земји. Портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос денеска укажа дека пред пет дена шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски со писмо побарал од грчката страна подобра комуникација и соработка во областа на туризмот. „Денеска пет дена подоцна тој советува да не се патува во Грција. Очигледно тој е во збрка“, истакна Кумуцакос.

Автор: ДВ / АЧ / миа / макфакс

Редактор: Александра Трајковска