1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мнозинството германски вработени не се идентификуваат со својата фирма

На германското стопанство повторно му оди добро, добивките на фирмите растат. А, сепак, ратсе фрустрацијата кај вработените. Тоа произлегува од анкетата на Галуп направена по порачка на магазинот „Харвард бизнис менаџер. Според неа, опаѓа и уделот на вработените кои посебно силно се идентификуваат со својата фирма: од 16 проценти во 2001 година, на 13 во оваа.

default

Добри зделки, лоша атомсфера: работната клима во германските фирми и натаму се лади. Тоа е резултатот на анкетата на меѓународната советничка фирма Галуп направена меѓу повеќе од илјада и 800 вработени. Шефот на Галуп за Германија Џералд Вуд:

„Со години расположението е на многу ниско ниво. Тоа значи дека само 13 насто од вработените во Германија го сакаат она што го прават, значи си ја сакаат работата. 68 проценти психолошки посматрано, се амбивалентни, што значи си ја вршат работата според пропишаното, а 19 насто, значи секој петти Германец оди фрустриран на работа„.

Во студијата се опишани три групи вработени. Во правата спаѓаат оние што немаат никаква емоционална врска со нивниот работодавец. Тие страдаат од таканаречениот „внатрешен отказ„ - ја мразат својата работа и често работат дури и против интересите на фирмата. Тие се веќе спомнатите 19 проценти.

Во втората група се вработените со ниска емоционална поврзаност. Со 68 проценти таа е најголемата група. Нивното мото:„работи според пропишаното„ но сепак со никаква активна саботажа, како што често се случува во првата група.

Собрани заедно првата и втората група претставуваат застрашувачки 87 проценти од сите вработени во Германија.

Според тоа, третата група која ја бележи висока емоционална поврзаност со фирмата се само слаби 13 насто. Поинаку кажано: само секој десетти вработен во земјата целосно се идентификува со својата работа. Ова е од посебно значење за фирмите, подвлекува Џералд Вуд:

„Тоа е многу важно, зашто колку што е поголема емоционалната врска кон работата што се врши во фирмата, толку повисока е продуктивноста. Во подолг период на анкетирање Галуп тоа го потврди: колку поголеми се ангажманот, мотивираноста и привлечноста кон работата, толку повеќе се афирмира фирмата, но расте и продуктивноста„.

Така работниците со висока емоционална поврзаност имаат мала стапка грешки и и’ остануваат верни на истата фирма. Таму каде што вработените се високо мотивиранни, таму и шефовите ретко се конфронтирани со таканаречената „несакана флуктуација„. И уште нешто, кој е мотивиран често развива и сопствени идеи за подобрување на производството и бизнисот:

„И тоа го увидовме во фирмите. Тоа значи во еден голем проект со 10 илјади вработени можевме да констатираме дека високата емоционална поврзаност е во корелација со бројот иновации. Значи, мотивираните работници се подготвени повеќе да придонесат, да дадат повеќе идеи, што сигурно е економски фактор за фирмите„.

Тимот на Галуп на чело со Џералд Вуд откри дека во Германија многумина вработени се чувствуваат погрешно позиционирани. Значи, сметаат дека вршат погрешна работа. Освен тоа, повеќе од половината од сите вработени сметаат дека нивните таленти уште во училиштето не биле исправно признаени, ниту биле поддржувани. Резултат од тоа: можеби многу погрешни професионални определби. Експертите на Галуп сметаат дека една од важните причини за ваквите работни проблеми треба да се бараат во недостатоците на германскиот образовен систем.