1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Многу фама околу гласањето на дијаспората

И покрај различните најави, се‘ уште не се знае ни дали, ни како, уште помалку каде дијаспората, за прв пат во самостојна Македонија, би избирала тројца пратеници во парламентот во Скопје.

default

На првиот собир на македонските иселеници од три континенти, одржан лани во Скопје, впечатлив беше обидот на некогашниот битолчанец Мендо Трајчевски да го истражува доселувањето на австралискиот континент.

„Првите Македонци во Волонгонг, во Австралија, стигнаа во 1905 година. Поголемиот бран иселување почна по Првата светска војна, кога САД не примаа, а тогаш Македонците заминуваа во Бразил, Аргентина и Австралија, а по 1930 година почнаа да ни‘ доаѓаат и жените од татковината.“

Двојно повеќе Македонци има низ светот отколку во нивната татковина, но и повеќе Албанци живеат во странство од нивниот број во Македонија. Вакви проценки често имаат карактер на паушални вредности за дневно-политички полемики, зашто досега не е направено веродостојно попишување на дијаспората. Министерството за внатрешни работи, пред крајот на минатата година, соопшти дека има издадено над 450 илјади државјанства повеќе од бројот на населението во земјата, изјави министерката Гордана Јанкуловска на една јавна промоција околу избирачките списоци и гласањето на иселеништвото. Оттогаш изминаа неколку месеци, но се‘ уште не се знае ни дали, ни како, уште помалку каде дијаспората, за прв пат во самостојна Македонија, ќе избира тројца пратеници во законодавниот дом во Скопје.

Кој би патувал 800 километри за да гласа?

„Ние би се радувале ако министерката може да специфицира колку и каде е концентрирана македонската емиграција која, преку зачувување на државјанството, би

Mazedonien Wahlen 2009

Прво би требало да се ажурираат регистрите на иселениците, па потоа се‘ останато

имала активно и пасивно избирачко право. Има многу фама околу ова решение, има многу малку луѓе што ќе го користат тоа право да бидат избрани и да избираат и се‘ уште не се знае колку ова ново решение во изборниот закон ќе ја чини државата“, вели Дарко Алексов, шеф на невладината организација „Мост“, која веќе е на стенд-бај, за мобилизиација на најмалку 3000 домашни набљудувачи на гласањето. Алексов за ДВ оценува: „Ако гласањето се спроведува во дипломатско конзуларнитепретставништва тоа не е решение, зашто кој би патувал 800 км за да гласа? Може да се гласа и по пошта, но гласањето на дијаспората не е унифицирано, прво треба да се ажурираат регистрите на нашите иселеници, таму каде што имаме дипломатско-конзуларни преставништва (ДКП), што досега требаше да направи.“

И екс-председателот на ДИК Александар Новаковски, кој речиси пет години, како опозициски кадар, беше на нејзино чело, за ДВ изјави дека можеше, но никој досега не направил проценка колку ќе чини изјаснувањето на иселеништвото кое има македонско државјанство. Македонската дипломатија досега нема направено нивен регистер, врз чија основа би се составил избирачкиот список за дијаспората. „Еднаш мора да се почне и не треба да се биде преголем оптимист за одзивот на нашинците низ светот“, вели тој.

Малку се дипломатските претставништва

Ако наскоро се одржат предвремени избори со право можеби да се обезбедат и решавачки три гласа од дијаспората за која било идна Влада, изјаснувањето ќе

Wahlen Mazedonien

Како воопшто би се одвивала изборната кампања за дијаспората?

биде проблематично за реализирање од најмалку две причини, велат домашни експерти. Прво, недоволни се 50-тината дипломатско-конзуларни претсавништва на сите континенти, за гласањето да биде достапно за поголемите македонски иселенички заедници во Европа, Австралија, САД и Канада. Во игра била и идејата гласањето да се организира во верските објекти, што е спротивно на меѓународните стандарди. Второ, како ќе се одвива изборна кампања, кога таа е забранета за во друга држава, како во случајот со Канада?

„Можеби улогата би треба да ја преземат домашните медиуми кои имаат сателитски канали, па кандидатите преку нив да се претставуваат, но и тоа треба да се уреди со изборен закон, зашто е важно и колку пари ќе се потрошат за пропаганда, од каде ќе се финансира“, оценува Дарко Алексов од невладината „Мост“, што повеќе од една деценија врши мониторинг врз регуларноста на домашниот избирачки процес.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска